Пиза
Пиза (италијански: Pisa) — италијански град сместен на реката Арно во регионот Тоскана и главен град на истоимената покраина. Овој град е познат по многубројните културно-историски споменици, од кои најзначајна е Кривата кула, висока 56 метри, изградена во 12 век.
Овој италијански град е родно место на научникот Галилео Галилеј. Во овој град се наоѓа најзначајниот аеродром во овој регион, Аеродромот Галилео Галилеј и исто така Пиза е седиште на три важни универзитети и бројни истражувачки центри.
Географија
[уреди | уреди извор]Градот Пиза е сместен во близина на утоката на реката Арно, во низинска област која на север е затворена со планинскиот венец Монти Пизани.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Пиза е условена од два фактори: близината на морето кое ги ублажува силните зимски студови и летни жештини, и континенталноста на низината Валдарно. Следната табела ги содржи средните вредности кои се регистрираат во текот на годината:
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Година |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Максимална средна темпер. (°C) | 10 | 11 | 15 | 18 | 22 | 26 | 30 | 29 | 26 | 21 | 16 | 11 | 19,6 |
Минимална средна темпер. (°C) | 2 | 3 | 4 | 7 | 10 | 14 | 18 | 17 | 14 | 11 | 6 | 2 | 9 |
Дождови (mm) | 69 | 71 | 72 | 85 | 56 | 48 | 28 | 52 | 93 | 112 | 135 | 80 | 901 |
Пиза како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Пиза и Венеција“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[1]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Пиза
- Leaning Tower - Official Website
- Аеродромот Галилео Галилеј Архивирано на 21 ноември 2016 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 17.
Оваа статија место во Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|