Јаболко
Јаболко | |
---|---|
Цветови, плодови и листови на јаболкница (Malus domestica) | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Rosales |
Семејство: | Rosaceae |
Потсемејство: | Maloideae или Spiraeoideae |
Племе: | Maleae |
Род: | Malus |
Вид: | M. domestica |
Научен назив | |
Malus domestica Borkh. |
Јаболкото - вид средноевропско овошје
Производство и трговија
[уреди | уреди извор]Јабокото најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Австралија. Најпознати видови јаболко се: канадското, калифорниското, австралиското и јапонското. Најголеми производители на јаболко во светот се: Франција, Германија, САД, Кина, Австралија и др. Во 2005 година биле произведени најмалку 55 милиони тони јаболка, со вредност од околу 10 милијарди долари. Притоа, Кина произвела две третини од вкупната количина. Во Македонија, во 2012 година биле произведени 127.171 тони јаболка.[1]
Најголеми производители на јаболка (2008) | ||||
---|---|---|---|---|
Држава | Производство (Тони) | Фуснота | ||
Кина | 27 507 000 | F | ||
САД | 4 237 730 | |||
Иран | 2 660 000 | F | ||
Турција | 2 266 437 | |||
Русија | 2 211 000 | F | ||
Италија | 2 072 500 | |||
Индија | 2 001 400 | |||
Франција | 1 800 000 | F | ||
Чиле | 1 390 000 | F | ||
Аргентина | 1 300 000 | F | ||
Свет | 64 255 520 | A | ||
Без симбол = официјални податоци, F = проценка на FAO, A = Агрегат (може да вклучува официјални, полуофицијални податоци, или проценки); Извор: FAO Архивирано на 19 јуни 2012 г. |
Јаболката во Македонија
[уреди | уреди извор]Јаболката е најраспространето овошје кое што успева и се одгледува ширум Македонија. Најпознати региони каде што се одгледува јаболка кои се препознатливи во секојдневниот живот, па и народното творештво се Преспа и Тетовско.
Опишувајќи ја Тетовската каза и пишувајќи за нејзиното производство, економија и трговија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, за јаболката запишал:
Првото место меѓу овошјето го заземаат јаболката. Добриот квалитет уште повеќе би се зголемил доколку се обработуваат со поголемо знаење и при она име со коешто се ползуваат тие ќе бидат голем извор за збогатување на наброените села. Тие носат различни имиња според видот и квалитетот: самунки, босјанки (најкрупните), петровки (така наречени затоа што рано созреваат, обично околу Петровден), шареначки, врбовички и ѓулабии. Најубави се ѓулабиите, од кои најубавите се носат дури во Цариград [2]
—Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896
Преспанско јаболко
[уреди | уреди извор]Производството на јаболко е главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија. Најзначаен регион за производство на јаболко е Преспанскиот регион кои се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри. Во овој регион се произведуваат 90% од вкупните количини на јаболко во Република Македонија односно околу 80.000 тони.
Квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.
Најзастапени сорти на јаболко се Ајдаредот со околу 63%, Златниот Делишес 20%, Црвениот Делишес 10% и други сорти со околу 7%.
Околу 20% од вкупното производство на јаболко отпаѓа на индустриско јаболко, што на нашата фабрика и овозможува достап до квалитетна суровина за производство на јаболков концентрат со врвен квалитет[3].
Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година официјално започнува годинашната берба на Преспанското јаболко.
На почетокот на бербата, што традиционално започнува на големиот христијански празник Крстовден, се очекува секоја година да надмине 100.000 тона[4].
Во 2016 година, поради ниските температури кои го зафатија Преспанскиот регион на крајот од април, родот со јаболки ебил преполовен во однос на минатите години, односно се собрале околу 50.000 тони јаболка. Околу 2.700 хектари јаболкови насади биле зафатени од мразот, а родот бил оштететен од 20 до 100 проценти[5].
Хранлива вредност
[уреди | уреди извор]Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 218 kJ (52 kcal) |
13,81 g | |
Шеќери | 10,39 |
Влакна | 2,4 g |
0.17 g | |
0,26 g | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (0 %) 3 μг(0 %) 27 μг29 μг |
Тиамин (Б1) | (1 %) 0,017 мг |
Рибофлавин (Б2) | (2 %) 0,026 мг |
Ниацин (Б3) | (1 %) 0,091 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (1 %) 0,061 мг |
Витамин Б6 | (3 %) 0,041 мг |
Фолна кис. (Б9) | (1 %) 3 μг |
Витамин Ц | (6 %) 4,6 мг |
Витамин Е | (1 %) 0,18 мг |
Витамин К | (2 %) 2,2 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 6 мг |
Железо | (1 %) 0,12 мг |
Магнезиум | (1 %) 5 мг |
Манган | (2 %) 0,035 мг |
Фосфор | (2 %) 11 мг |
Калиум | (2 %) 107 мг |
Натриум | (0 %) 1 мг |
Цинк | (0 %) 0,04 мг |
Други состојки | |
Вода | 85,56 g |
Линк до Целосен извештај за хранливите материи од базата на податоци при Министерството за земјодеие на САД | |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. |
Јаболкото како тема во уметноста и популарната култура
[уреди | уреди извор]Јаболкото е честа тема во народното творештво, литературата, сликарството и во популарната култура, као на пример:
- „Големото јаболко“ (Big Apple) - популарно име за Њујорк.
Јабокото како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Златната јаболкница јаболко и деветте пауници“ (српски: Златна јабука и девет пауница) — српска народна приказна.[6][7]
- „Четворицата сликари и јаболкницата“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[8]
- „Јаболков цвет“ — песна на полскиот поет Мјечислав Јаструн.[9]
- „Јаболко“ — расказ од збирката „Пожар“ на Живко Чинго.[10]
- „Речиси јаболко“ — суфиска приказна.[11]
- „Јаболкото што плаче и јаболкото што се смее“ — турска бајка.[12]
- „Гризни го јаболкото - македонска еротска проза“ — збирка раскази на С. Стојменска-Елзесер (приредувач).[13]
- „Јаболницата-табакера“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[14]
- „Јаболко во темнината“ — роман на бразилската писателка Кларис Лиспектор од 1961 година.[15]
- „Јаболкница“ — новела на Џон Голсворди.[16]
- „Железната јаболкница“ (Gvozdena jabuka) — песна на српскиот поет Васко Попа.[17][18]
- „Крунисано јаболко“ (Krunisana jabuka) — песна на Васко Попа.[19]
- „Јаболко од крилото“ — збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1933 година.[20]
- „Необрани јаболка“ — краток расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[21]
- „Јаболкница“ — песна на Бошко Смаќоски.[22]
- „Јаболкница“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[23]
Јаболкото како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- Црвено јаболко (српскохрватски: Crvena Jabuka) — босанска поп-рок група, основана во 1985 година.[24]
- „Јаболка и вино“ (српскохрватски: Jabuke i vino) — песна на Жељко Бебек и на српската поп-група Зана.[25]
- „Јаболко“ (англиски: Apple) — песна на американското дуо Cibo Matto од 1996 година.[26]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Јаболка
-
Јаболка во селото Љубојно
-
Јаболкница
-
Гајби со јаболка во фабриката Кабис во селото Љубојно
-
Јаболков овоштарник во село Колешино
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (FAO)“. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на 2010-10-10.
- ↑ Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 278. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ „Преспанско Јаболко“. www.vitares.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-30. Посетено на 2017-09-12.
- ↑ „Традиционално ќе биде откинато првото преспанско јаболко“. press24.mk. Архивирано од изворникот на 2015-09-30. Посетено на 2017-09-12.
- ↑ „Почна бербата на Преспанското јаболко“. Kurir.mk. 2016-09-27. Архивирано од изворникот на 2016-10-02. Посетено на 2017-09-12.
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 39-47.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 59-71.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 74.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 115-116.
- ↑ „Јаболко“, во: Живко Чинго, Пожар. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 83-87.
- ↑ Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 78.
- ↑ „Јабука која плаче и јабука која се смеје“, во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 86-95.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 23.
- ↑ Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.
- ↑ Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 279-280.
- ↑ Џон Голсворди, Јаболкница, Скопје: Кочо Рацин, 1963.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 11.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 30-33.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 85.
- ↑ „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 24.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 21-23.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 205.
- ↑ Discogs, Crvena Jabuka (пристапено на 10.9.2024)
- ↑ YouTube, Zeljko Bebek i Zana: Jabuke i vino (пристапено на 8.4.2017)
- ↑ YouTube, Cibo Matto - Viva! La Woman (Full Album) (пристапено на 22.4.2017)
Оваа статија за растение е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|