781
< 7 век | 8 век | 9 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 781 DCCLXXXI |
Ab urbe condita | 1534 |
Ерменски календар | 230 ԹՎ ՄԼ |
Асирски календар | 5531 |
Балиски календар | 702–703 |
Бенгалски календар | 188 |
Берберски календар | 1731 |
Будистички календар | 1325 |
Бурмански календар | 143 |
Византиски календар | 6289–6290 |
Кинески календар | 庚申年 (мет. мајмун) 3477 или 3417 — до — 辛酉年 (мет. петел) 3478 или 3418 |
Коптски календар | 497–498 |
Етиопски календар | 773–774 |
Еврејски календар | 4541–4542 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 837–838 |
- Сачка ера | 702–703 |
- Кали-југа | 3881–3882 |
Холоценски календар | 10781 |
Ирански календар | 159–160 |
Исламски календар | 164–165 |
Јапонски календар | Хоки 12 / Тено 1 (天応元年) |
Јавански календар | 676–677 |
Јулијански календар | 781 DCCLXXXI |
Корејски календар | 3114 |
Мингуо-календар | 1131 пред Р. Кина 民前1131年 |
Нанакшахи | −687 |
Селевкидски календар | 1092/1093 г.г. |
Тајландски сончев календар | 1323–1324 |
Тибетски календар | 阳金猴年 (машко железо-мајмун) 907 или 526 или −246 — до — 阴金鸡年 (женско железо-петел) 908 или 527 или −245 |
781 (DCCLXXXI) — година според општоприфатениот календар. Таа била 781 година од новата ера, 781. од првиот милениум, 81. од VIII век и втора од 780-тите. Оваа година била определена како 781 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6289 и 6290 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5531 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4541 и 4542 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1534.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 781 година се протега во 3417 и 3418, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3477 и 3478 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1324. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 164 и 165 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]Според место
[уреди | уреди извор]Европа
[уреди | уреди извор]- Кралот Карло Велики својот син Карломан (преименуван во Пипин) го именува за "Крал на Италија" и тој е крунисан од страна на папата Адријан I со железната круна на Ломбардија. Неговиот помлад брат Карл Помладиот е именуван за цар на Аквитанија и Луј Побожниот (на само 3-годишна возраст) е именуван за под-крал на Италија и Аквитанија.[1]
- Карло Велики се запознава со Алкиун, англосаксонски мисионер, во Италија и го поканува во Ахен, каде што тој станува главен советник на Карло Велики во однос на верски и образовни прашања (приближен датум).
Азија
[уреди | уреди извор]- Јанг Јан, кинески државник, извршил самоубиство откако беше обвинет за мито и корупција. Тој е заслужен за реформата на даночниот систем за селаните, за намалувањето на моќта на аристократските класи и елиминирање на нивните имоти ослободедни од данок.
- 30 април – во Јапонија царот Конин абдицира од престолот по 11-годишно владеење, во корист на неговиот полукорејски син Канму.
- 31 јули – се случува најстарата документирана ерупција на планината Фуџи (традиционален јапонски датум: 6 јули, 781).
- Новиот град Биан (汴) е изграден на местото на Кајфенг за време на династијата Танг (Кина).
Според тема
[уреди | уреди извор]Религија
[уреди | уреди извор]- Карло Велики го дефинира папското подрачје (види Папска Држава). Тој ги кодифицира регионите над кои папата ќе биде привремен суверен: војводство Рим кое се проширува до Равена, војводство Пентаполис, делови од војводство Беневенто, Тоскана, Корзика и Ломбардија.
- Несторијанците во Кина градат христијански манастири и несторијанска стела (приближен датум).
Родени
[уреди | уреди извор]- Харис ал-Мухасиби, основач на Багдадската школа на исламска филозофија и учител на суфиските мајстори Џунајд ал-Багадади и Сари ал-Сакти. (почина во 857)
Починати
[уреди | уреди извор]- Алкмунд, епископ на Хексам (приближен датум)
- Фергус мак Едхах, крал на Далријада (Шкотска)
- Гуо Зији, генерал на династијата Танг (роден во 697)
- Исоноками но Јакацугу, јапонски благородник (роден во 723)
- Јанг Јан, канцелар на династијата Танг (роден во 727)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Matthias Becher (2003). Charlemagne. Yale University Press. стр. 127-. ISBN 978-0-300-10758-6.