1978
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1978 MCMLXXVIII |
Ab urbe condita | 2731 |
Ерменски календар | 1427 ԹՎ ՌՆԻԷ |
Асирски календар | 6728 |
Бахајски календар | 134–135 |
Балиски календар | 1899–1900 |
Бенгалски календар | 1385 |
Берберски календар | 2928 |
Будистички календар | 2522 |
Бурмански календар | 1340 |
Византиски календар | 7486–7487 |
Кинески календар | 丁巳年 (огн. змија) 4674 или 4614 — до — 戊午年 (зем. коњ) 4675 или 4615 |
Коптски календар | 1694–1695 |
Етиопски календар | 1970–1971 |
Еврејски календар | 5738–5739 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2034–2035 |
- Сачка ера | 1899–1900 |
- Кали-југа | 5078–5079 |
Холоценски календар | 11978 |
Игбоански календар | 978–979 |
Ирански календар | 1356–1357 |
Исламски календар | 1398–1399 |
Јапонски календар | Шова 53 (昭和53年) |
Јавански календар | 1909–1910 |
Џуче-календар | 67 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4311 |
Мингуо-календар | Тајван 67 民國67年 |
Нанакшахи | 510 |
Тајландски сончев календар | 2521 |
Тибетски календар | 阴火蛇年 (женски оган-змија) 2104 или 1723 или 951 — до — 阳土马年 (машка земја-коњ) 2105 или 1724 или 952 |
Униксно време | 252460800 – 283996799 |
1978 (MCMLXXVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1978 година од новата ера, 978. од вториот милениум, 78. од XX век и деветта од 1970-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7486 и 7487 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6728 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5738 и 5739 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2731.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1978 година се протега во 4614 и 4615, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4674 и 4675 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2521. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1398 и 1399 исламска година.
1978 како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- 1978“ (1978) - песна на швајцарската панк-рок група „Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).[1]
Настани
[уреди | уреди извор]јануари
[уреди | уреди извор]- 22 јануари - Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
февруари
[уреди | уреди извор]март
[уреди | уреди извор]- 14 март – Израел го напаѓа Либан.
- 16 март – Поранешниот италијански премиер Алдо Моро е киднапиран од страна на Црвените бригади.
април
[уреди | уреди извор]- 18 април – Американскиот сенат одлучува на 31 декември 1999 година Панамскиот Канал да и’ биде вратен на Панама.
- 27 април – Во Авганистан е извршен воен удар од страна на левичарската Народна демократска партија на Авганистан, при што е убиен претседателот Дуад Кан.
мај
[уреди | уреди извор]јуни
[уреди | уреди извор]јули
[уреди | уреди извор]- 7 јули – Соломонските Острови стекнуваат независност од Британија.
- 22 јуни – Откриен е Харон, месечина на Плутон.
- 26 август – По смртта на Павле VI, Јован Павле I е избран за римски папа.
август
[уреди | уреди извор]септември
[уреди | уреди извор]- 17 септември – Израел и Египет го потпишуваат Договорот од Кемп Дејвид.
октомври
[уреди | уреди извор]- 1 октомври – Виетнам ја напаѓа Камбоџа.
- 1 октомври - Тувалу стекнува независност од Британија.
- 14 октомври – Даниел арап Мои станува претседател на Кенија.
- 16 октомври – По смртта на Јован Павле I, Јован Павле II е избран за римски папа. Тој е првиот папа од полска националност во историјата.
ноември
[уреди | уреди извор]декември
[уреди | уреди извор]- 22 декември – Комунистичката партија на Кина предводена од Денг Сјаопинг ја напушта маоистичката политика и усвојува програма на делекусежни економски реформи.
- 27 декември – Новиот шпански устав е одобрен на референдум, со што и официјално е обновена демократијата во Шпанија.
Родени
[уреди | уреди извор]- 25 јануари – Денис Мењшов, руски велосипедист
- 28 февруари – Бенјамин Рајх, австриски скијач
- 11 март – Дидје Дрогба, фудбалер од Брегот на Слоновата Коска
- 14 март – Питер ван ден Хогенбанд, холандски пливач
- 11 мај – Летиција Каста, француски модел и глумица
- 19 јуни – Дирк Новицки, германски кошаркар
- 20 јуни – Франк Лампард, англиски фудбалер
- 23 август – Коби Брајант, американски кошаркар
Починале
[уреди | уреди извор]- 9 мај – Алдо Моро, италијански премиер
- 6 август – Павле VI, римски папа
- 21 август - Чарлс Имс, американски дизајнер и архитект
- 22 август – Џомо Кенијата, кениски претседател
- 11 септември – Георги Марков, бугарски дисидент
- 28 септември – Јован Павле I, римски папа
- 15 ноември – Маргарет Мид, американски антрополог
- 8 декември – Голда Меир, израелски премиер