19 век
Изглед
(Пренасочено од XIX век)
< XVIII век | XIX век | XX век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
19 век започнува на 1 јануари 1801 г. и завршува на 31 декември 1900 г.
Настани
[уреди | уреди извор]Настани во Македонија
[уреди | уреди извор]- 1838 — отворена печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун.
- Во 1880 година е формирана Македонската лига.
- Во 1880 година се формира Привремената влада на Македонија - Единство
- Во 1885 година во Софија, Бугарија е создаден Тајниот македонски комитет.
- Во 1886 година се создава Друштвото Србо-Македонци.
- Во 1889 година Пере Тошев му пишал писмо на Ѓорче Петров да формираат: организација за ослободување.
- Кон крајот на 80 - тите и почетокот на 90 - тите години во Македонија се направени првите обиди за создавање на револуцинерна организација.
- Во почетокот на 90 - тите години во Македонија се јавува Антиегзархиското движење.
- Во 1890 година е објавен прогласот на Силогосот Македонија на Македонците
- Кон крајот на 1890 година во Софија се формира Македонското студенско друштво - Дружба
- Во јули 1893 година И. Х. Николов во Софија имал средба со Гоце Делчев и Коста Шахов, и ги претставил начелата врз кои требало да со основа револуционерната организацијата.
- На 23. 10. 1893 година во Солун, од страна на Христо Татарчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Петар Поп Арсов и Андон Димитров се создава Македонската револуционерна организација.
- На 27 декември 1894 година во Софија е формиран Братскиот сојуз
- Во 1894 година донесен Првиот устав на Македонската револуционерна организација
- На 19.03.1895 во Софија се формира Македонскиот комитет.
- Во 1896 година се одржува Солунскиот конгрес од 1896 година.
- Во 1896 година се создава Задграничното претставништво на ТМОРО
- Во јули 1896 започнува Андартската провокација во Македонија.
- Во 1897 година се разврзува Виничката афера.
- Во март 1897 година во Солун е формирано Бугарското тајно револуционерно братство.
- Во 1898 година се формира Четничкиот институт на ТМОРО.
- Во 1899 година се разврзува Валандовската афера.
- Кон крајот на 19 век делува Егзархиската групација во Македонија.
Архитектура
[уреди | уреди извор]- 1830 – изградена црквата „Св. Димитриј во Битола.
- 1836-1850 – изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село.
- 1837 — завршена изградбата на црквата во Буковскиот манастир.
- 1838 – изградена црквата „Св. Благовештение во Прилеп.
- 1840 – изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар.
- 1847-1851 – изградена црквата во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“
Уметност
[уреди | уреди извор]- 1811-1814 – изработен иконостасот во длабока резба во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Лесново, прво дело на тајфата на Петре Филиповски-Гарката.
- 1824 – изработен иконостасот во црквата „Св. Спас“ во Скопје, дело на тајфата на Петре Филиповски-Гарката.
- 1835 – изработен иконостасот во Бигорскиот манастир, дело на тајфата на Петре Филиповски-Гарката.
Настани во светот
[уреди | уреди извор]- Укинато ропството во повеќето западни земји.
- Продолжува пропаѓањето на Османлиското Царство: независност на Грција, Кнежевството Србија, Кнежевството Црна Гора, Обединување на Романија, Кнежевството Бугарија.
- Борбата за независност на Латинска Америка доведува до создавање на независни држави на териториите на бившите шпански и португалски империи во Латинска Америка.
- Американско-мексиканска војна и Американска граѓанска војна, ширење на САД кон запад.
- Почеток на индустријализација, прво во Англија, подоцна и во континентална Европа како и во Северна Америка.
- Обединување на Германија и на Италија.
- Нов систем на австриско кралство и поголема самостојност на Унгарците во Австроунгарија
- Европско населување на Австралија и почеток на колонизација на Африка. Колонизација на некои делови на Азија (Индија, Сибир, југоисточна Азија).
1800-ти
[уреди | уреди извор]- 1800: здружението хирурзи на Англија со кралски декрет е прогласено за Кралски хируршки колеџ на Англија.
- 1800: почеток на второто Американско големо будење.
- 1801: Кралството Велика Британија и Кралството Ирска се спојуваат и го формираат Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска.
- 1801: Махараџата Ранџит Синг е крунисан за крал на Империјата Сик во Пенџаб.
- 1801–1815: Берберска војна меѓу САД и берберските држави.
- 1803: Купување на Луизијана и почеток на ширење на САД кон Тихиот Океан.
- 1803: Првата Саудиска Држава ја покорува Мека при што биле уништени разни светилишта.
- 1804: Хаити стекнува независност и станува прва црнечка република.
- 1804: Фрањо I го основа Австриското Царство.
- 1804–1810: Фуланска војна во Нигерија.
- 1804–1813: Прво српско востание.
- 1805–1848: Мухамед Али Египетски го модернизира Египет.
- 1806: Светото Римско Царство престанува да постои со одлука на Луневилкиот мира.
- 1807: Кралството Велика Британија ја прогласува трговијата со робје незаконска.
- 1808–1809: Русија ја презема Финска од Шведска со Финската војна.
- 1808–1814: Шпанска герила во шпанската војна за независност.
- 1809: Наполеон го расформирал Тевтонскиот ред.
1810-ти
[уреди | уреди извор]- 1810: Основан е Берлинскиот универзитет, прв светски истражувачки универзитет. Меѓу неговите студенти биле Хегел, Маркс и Бизмарк. Оваа реформа на германскиот универзитет се покажала толку успешна така што моделот бил следен ширум светот.
- 1810–1820-ти: Поголемиот број латиноамерикански колонии се ослободиле од владеењето на Шпанската Империја и Португалската Империја после Мексиканската војна за независност и Јужноамериканската војна за независност.
- 1812: Наполеоновата инвазија на Русијa е пресвртница во Наполеоновите војни.
- 1812–1815: Англоамериканската војна меѓу САД и Обединетото Кралство.
- 1813–1907: Голема игра - термин кој го означува натпреварот меѓу Британската Империја и Руската Империја за контрола на Средна Азија.
- 1815: Виенскиот конгрес ги исцртува новите мапи на Европа. Поделбата не е зачувана заради плимата на либерализам и национализам која се раширила низ Европа.
- 1815:Со Наполеоновиот пораз кај Ватерло завршуваат Наполеоновите војни и доаѓа до потпишување на Британскиот мир кој траел сè до 1870 година.
- 1816: Година без лето
- 1816–1828: Кралството Зулу на Шака Зулу станува најголемо во Јужна Африка.
- 1819: Британската источноиндиска компанија го презема Сингапур од гусарите.
1820-ти
[уреди | уреди извор]- 1820: Американското друштво за колонизација ја основало Либерија за таму да ги испраќаат ослободените робови.
- 1821–1827: Грција станува прва земја која се издвоила од Османлиското Царство после грчката војна за независност.
- 1823–1887: Британското Царство ја анектирало Бурма после три англо-бурмански војни.
- 1825:Со Ири каналот се поврзуваат Големите Езера со Атлантскиот Океан.
- 1826–1828: После последнта руско-персиска војна, Персиското Царство си ги вратило териториите кои ги изгубило во претходните војни со Русија.
- 1825–1828: Аргентинско-бразилската војна се завршува со независност на Уругвај.
1830-ти
[уреди | уреди извор]- 1830: Мормонската црква е основана на 6 април 1830 година.
- 1830: После Белгиската револуција во Обединетото Нискоземско Кралство створена е Белгија.
- 1830: Велика Колумбија се распаднала и од неа се формирале Колумбија (са денешна Панама), Еквадор, и Венецуела.
- 1831: Франција го окупира Алжир.
- 1833: Актот за укинување на ропството го забранува ропството ширум Британската Империја.
- 1833–1876: Карлистички војни во Шпанија.
- 1834: Официјален крај на шпанската инквизиција.
- 1834–1859: Востание на имамот Шамил против руската окупација на Кавказ.
- 1835–1836: Тексашката револуција во Мексико доведува до создавање краткотрајна Република Тексас.
- 1837–1838: Канадски востанија.
- 1837–1901: Владеење на британската кралицата Викторија – врв на Британската Империја наречен викторијанска ера.
- 1838—1840: Граѓанска војна во Сојузна Република Центроамерика доведува до создавање на Гватемала, Салвадор, Хондурас, Никарагва и [[Костарика|].
- 1839—1851: Уругвајска граѓанска војна
- 1839—1860: После две опиумски војни, Франција, Обединетото Кралство, САД и Русија добиваат многу отстапки од Кина што доведува до пад на моќта на династијата Ќинг.
1840-ти
[уреди | уреди извор]- 1840: основан е Нов Зеланд, со потпишување на договорот Ваитанги меѓу Маорите и Британците.
- 1844: поставена првата јавна телеграфска линија меѓу Балтимор и Вашингтон – со праќање на првата порака на 24 мај започнува времето на телеграфот.
- 1844: Милеристичкото движење го најавува Второто Исусово доаѓање за 22 октомври. Бидејќи Исус не се појавил, овој настан е познат како Големо разочарување.
- 1844: Персискиот пророк Баб го основа бабизмот. Се смета за претходник на Бахаула, основач на бахаизмот.
- 1844: Доминиканска војна за независност против Хаитиј.
- 1845: Обединување на Кралството Тонга под Тауфахау (крал Џорџ Тупу I)
- 1845–1849: Глемиот глад во Ирска доведува до масовна емиграција.
- 1846–1848: Со Американско-мексиканската војна Мексико зазема голем дел од територијата на денешниот југ на САД.
- 1846–1847: Мормонска миграција кон Јута.
- 1847–1901: Јукатанска војна на кастите.
- 1848: објавен Комунистичкиот манифест.
- 1848: Револуции 1848-1849 ширум Европа
- 1848—1858: Калифорниска златна грозница
1850-ти
[уреди | уреди извор]- 1850: завршило Малото ледено време.
- 1851–1860: Викториска златна грозница во Австралија
- 1851–1864: Револуција на големиот мир во Кина – се смета за најкрвав судир на векот.
- 1854: со Кангавската конвенција Јапонија официјално го укинува сакокуто.
- 1854–1856: Кримска војна меѓу Франција, Обединетото Кралство, Османлиското Царство и Русија
- 1855: Бесемеровиот процес овозможува масовно производство на челик.
- 1856: првата рафинерија за нафта на светото отворена во Романија
- 1857–1858: Индиски востание
- 1859: објавено За потеклото на видовите.
1860-ти
[уреди | уреди извор]- 1861–1865: Американска граѓанска војна меѓу Унијата и отцепената Конфедерацијата
- 1861: Руската либерална реформа ги ослободува кметовите.
- 1861–1867: Француско-мексиканска војна
- 1862–1877: Дунганска побуна на северозапад на Кина.
- 1863: после основањето Црвениот крст ја усвојува Првата женевска конвенција 1864 година.
- 1863–1865: Полско востание против Руската Империја.
- 1864—1866: Шпанско-јужноамериканска војна - шпански обид да ги поврати бившите колонии.
- 1864—1870: Парагвајската војна ги окончува парагвајските амбиции за ширење.
- 1865—1877: Реконструкција во [САД]].
- 1866: успешно воспоставување на прекуокеанска телеграфска врска после неуспехот во1858 година.
- 1866: Австриско-пруската војна се завршува со распад на Германскиот Сојуз и создавање Северногермански Сојуз и Австроунгарска двојна монархија.
- 1866. — 1868: Голем фински глад.
- 1866—1869: после Меиџи обновата, Јапонија започнува со програма за брза модернизација.
- 1867: САД ја купуваат Алјаска од Русија.
- 1867: се формира Канадската Конфедерација.
- 1869: отворена прва трансконтинентална железница во САД.
- 1869: Суецкиот Канал ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море.
1870-ти
[уреди | уреди извор]- 1870—1871: Француско-пруската војна се завршува со создавање на Германското Царство и обединување на Италије, со колапс на Второто Француско Царство, со кршење на Британскиот мир и појава на Новиот империјализам.
- 1871. — 1872: гладот во Иран предизвикал смрт на 2 милиони луѓе.
- 1871. — 1914: Втора индустриска револуција
- 1870-ти-1890-ти: Големата економска криза во Западнај Европа и Северна Америка.
- 1872: основан е националниот парк Јелоустоун.
- 1873: објавена е Максвеловата Студија за електрицитетот и магнетизмот.
- 1874: распуштање на Британската источноиндиска компанија.
- 1874. — 1875: Прва шпанска република.
- 1875. — 1900: 26 милиона Индијци умираат од глад.
- 1876: Бугарско априлско востание против Османлиското Царство.
- 1876 — 1879: 13 милиони луѓе умираат од глад во Кина.
- 1876 — 1914: масовна експанзија на популацијата, териториите, индустријата и добрата во САД наречено Позлатено време.
- 1877: Големиот штрајк на железницата во САД се смета за прв национален штрајк на работниците.
- 1877—1878: Со Берлинскиот конгрес после уште една Руско-турска војна голем дел од Балканот бил ослободен од Османлиското Царство.
- 1878: отворена првата телефонска станица во Конектикат.
- 1879: Англо-зулуска војна во Јужна Африка.
1880-ти
[уреди | уреди извор]- 1880. — 1881: Прва бурска војна.
- 1881: прва електрана и трафостаница во Годалминг, Британија
- 1881. — 1899: Махдиска војна во Судан.
- 1883: ерупција на вулканот Кракатау.
- 1884—1885: Берлинска конференција за Африка. Земјите учеснички се залагаат за забрана на трговијат со робје.
- 1884—1885: Кинеско-француска војна доведува до формирање на Француска Индокина.
- 1886: Руско-черкеската војна завршила со пораз и протерување на многу Черкези. Пораз на имамот Шамил.
- 1888: Укинување на ропството во Бразил.
- 1889: Хадрат Мирза Гулам Ахмад ја основа исламската заедница Ахмадија.
- 1889: Крај на Бразилското Царство и почеток на Република Бразил
1890-ти
[уреди | уреди извор]- 1890: Масакр кај Ранетото Колено била последната битка од Индијанските војни. Овој настан претставува крај на Дивиот Запад.
- 1894—1895: После Првата кинеско-јапонска војна, Кина му го препушта Тајван на Јапонија и гарантира дека Јапонија ќе има одврзани раце во Кореја.
- 1895. — 1896: Етиопија ја поразува Италија во Првата италијанско-абисинска војна.
- 1896: Олимписките игри се обновени во Атина.
- 1896: Клондајчка златна грозница во Канада.
- 1897: Гоџонг, или император Гвангму, воспоставува краткотрајно Корејско Царство: траело до 1910година.
- 1898: САД задобива контрола над Куба, Порторико и Филипините после Шпанско-американската војна.
- 1898. — 1900: Алијансата на осум земји го задушува Боксерското востание во Кина.
- 1898. — 1902: Избива Илјаддневната војна во Колумбија меѓу "Liberales" (либерали) и "Conservadores" (конзервативци), и кулминира со губење на Панама 1903.
- 1899: почнува Втората бурска војна (-1902); почнува Филипинско-американската војна (-1913).
Личности
[уреди | уреди извор]Личности од Македонија
[уреди | уреди извор]- Гоце Делчев
- Тодор Александров
- Трајко Китанчев
- Јосиф Ковачев
- Александар Радев
- Димитар Ризов
- Апостол Петков
- Теодосиј Гологанов
- Коста Шахов
- Димитар Македонски
- Туше Делииванов
- Сарџо Караџа Брадина
- Борис Сарафов
- Коста Групче
- Темко Попов
Книжевност
[уреди | уреди извор]- Григор Прличев
- Димитар Миладинов
- Ѓорѓија Пулевски
- Кирил Пејчиновиќ
- Крсте Петков Мисирков
- Константин Миладинов
- Јоаким Крчовски
- Јордан Хаџи-Константинов - Џинот
- Рајко Жинзифов
- Теодосиј Синаитски
- Партенија Зографски
- Марко Цепенков
- Константин Петкович
- Георги Капчев
- Славка Динкова
Личности од светот
[уреди | уреди извор]Антропологија
[уреди | уреди извор]Сликарство
[уреди | уреди извор]Реализмот и романтизмот во раниот 19 веку доведуваат до импресионизмот и постимпресионизмот во втората половина на 19 век. Париз станува уметнички центар на светот.
- Пол Сезан
- Едгар Дега
- Ежен Делакроа
- Каспар Давид Фридрих
- Винсент ван Гог
- Жан Огист Доминик Енгр
- Едуар Мане
- Клод Моне
- Камиј Писаро
- Пјер Огист Реноар
- Анри де Тулуз-Лотрек
Музика
[уреди | уреди извор]Соната во текот на класичната ера созрева како примарна форма во инструменталните композиции во текот на 19 век. Голем дел од музиката се вбројува под романтична музика.
- Хектор Берлиоз
- Жорж Бизе
- Александар Бородин
- Јоханес Брамс
- Антон Брукнер
- Антонин Дворжак
- Франц Лист
- Феликс Менделсон
- Модест Мусоргски
- Франц Шуберт
- Лудвиг ван Бетовен
- Петар Илич Чајковски
- Николо Паганини
- Роберт Шуман
Книжевност
[уреди | уреди извор]- Емили Бронте
- Џорџ Гордон Бајрон
- Франсоа Рене де Шатобријан
- Шарлота Бронте
- Браќата Грим
- Кејт Чопин
- Самјуел Тејлор Колериџ
- Емили Дикинсон
- Александар Дима
- Ралф Уалдо Емерсон
- Гистав Флобер
- Јохан Волфганг Гете
- Николај Гогољ
- Натанијел Хоторн
- Фридрих Холдерлин
- Фридрих Хајне
- Џакомо Леопарди
- Алесандро Манцони
- Хенри Џејмс
- Стефан Маларме
- Херман Мелвил
- Александар Пушкин
- Артур Рембо
- Жорж Санд
- Мери Шели
- Стендал
- Роберт Луис Стивенсон
- Хариет Бичер Стоу
- Пол Верлен
- Вилијам Вордсворт
- Алфред Тенисон
- Емил Зола
- Оноре де Балзак
- Виктор Иго
- Лав Николаевич Толстој
- Фјодор Михајлович Достоевски
Наука
[уреди | уреди извор]- Амадео Авогадро
- Анри Бекерел
- Александар Грејам Бел
- Лудвиг Болцман
- Луј Брај
- Роберт Бунзен
- Марија Кири
- Пјер Кири
- Луј Дагер
- Мајкл Фарадеј
- Леон Фуко
- Готлоб Фреге
- Карл Фридрих Гаус
- Ернст Хекел
- Хајнрих Херц
- Александар фон Хумболт
- Николај Лобачевски
- Вилијам Томсон Келвин
- Роберт Кох
- Јустус фон Либиг
- Џејмс Кларк Максвел
- Грегор Мендел
- Дмитриј Иванович Менделеев
- Жозеф Нисефор Ниепс
- Алфред Нобел
- Луј Пастер
- Бернхард Риман
- Никола Тесла
- Жан Франсоа Шамполион
- Џон Сноу - пронаоѓач на епидемиологијата
Филозофија и религија
[уреди | уреди извор]- Михаил Бакуњин
- Серен Киркегор
- Карл Маркс
- Џон Стјуарт Мил
- Фридрих Ниче
- Рамакришна
- Клод Анри де Сен-Симон
- Вилијам Морис
- Артур Шопенхауер
Политика
[уреди | уреди извор]- Ото фон Бизмарк
- Наполеон Бонапарт
- Наполеон III Бонапарт
- Џеферсон Дејвис
- Жозеф Фуше
- Џузепе Гарибалди
- Вилијам Гледстон
- Јулисиз Симпсон Грант
- Теодор Херцл
- Ендру Џексон
- Томас Џеферсон
- Симон Боливар
- Лајош Кошут
- Бенџамин Дизраели
- Роберт Ли
- Абрахам Линколн
- Муцухито
- Иштван Сечењи
- Викторија Хановерска
- Клеменс Венцел фон Метерних
- Бикот кој Седи - поглавица на Сијуксите
Откритија
[уреди | уреди извор]- Телефон (Александар Грејам Бел)
- Парна локомотива (Ричард Тревитик)
- Автомобил (Карл Бенц)
- Бензински мотор (Готлиб Дајмлер)
- Дизел мотор (Рудолф Дизел)
- Грамофон (Емил Берлинер)
- Филм (Браќа Лимиер)
- Фотографија (Жозеф Нисефор Ниепс)
- Жарулка (Томас Алва Едисон)
- Електрична струја (Никола Тесла)
- Радиобранови (Хајнрих Херц)
- Радиум и полониум (Марија Кири и Пјер Кири)
- Лек против беснило (Луј Пастер)
- Лек против туберкулоза (Роберт Кох)
- Периоден систем на елементите (Дмитриј Иванович Менделеев)
- X-зраци (Вилхелм Конрад Рентген)
19 век како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „19 век и подоцна“ (The Nineteenth Century and After) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[1]
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 142.