Прејди на содржината

Хигсино

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во физика на честички, за модели со N=1 суперсиметрија, хигсино со симбол

, е суперпартнер на Хигсовото поле. Хигсиното е Дираково фермионско поле со спин 1/2 и се однесува на слаб изодуплет со хиперполнеж половина според баждарните симетрии на стандардниот модел. По нарушувањето на електрослабата симетрија хигсовите полиња линиски се мешаат со U(1) и SU(2) гејџина што доведува до четири неутралина и две чарџина [1], кои се однесуваат на физичките честички. Додека двете чарџина се наелектризирани Диракови фермиони (плус и минус ссоодветно), неутралината се електронеутрални Мајорански фермиони. Во R-парноста запазувачката верзија на минималниот суперсиметричен стандарден модел, најлесното неутралино вообичаено станува најлесната суперсиметрична честичка (НСЧ). НСЧ во честичната физика е честичка кандидат за темната материја во вселената, бидејќи тоа не може да се распадне на честички со помала маса. Неутралинската НСЧ, во зависност од својот состав може да биде бино, вино или хигсино во зависност од доминантната природа[2] и може да имаат различни зони за масовити вредности со цел да се задоволат проценетите вредности за остаточната густина на темната материја. Најчесто, хигсино доминатната НСЧ честопати е нарекувана хигсино, и покрај фактот дека хигсино не е физичка состојба, во вистинската смисла.

Во природните сценарија на суперсиметријата, сврвните кваркови , сдлабинските кваркови, глуината, и хигсино-збогатени неутралина и чарџина се очекува да биде релативно немасивни, на тој начин подобрувајќи ја нивната напречна површина на создавање. Потрагите по хигсината се изведуваат од страна на експериментите АТЛАС и КМС при Големиот хадронски судирач во ЦЕРН, каде физичарите го бараат директно произлезениот електрослаб пар на хигсина. Од 2017 година, не се добиени експериментални потврди за постоењето на хигсина.[3][4]

Доколку темната материја е составена само од хигсина, тогаш масата на хигсината е 1,1 TeV. Од друга страна, пак, доколку темната материја има повеќе компоненти, тогаш масата на хигсиното зависи од релевантни повеќезначни распределбени функции, со што се намалува масата на хигсината.

mħ ≈ 1.1(ΩħDM)½ TeV[5]
  1. resulting from electroweak symmetry breaking of the bino and wino 0, 1, 2
  2. https://pdg.lbl.gov/2017/reviews/rpp2017-rev-susy-1-theory.pdf
  3. „ATLAS Supersymmetry Public Results“. ATLAS, CERN. Посетено на 2014-03-25.
  4. „CMS Supersymmetry Public Results“. CMS, CERN. Посетено на 2014-03-25.
  5. Lawrence J. Hall and Yasunori Nomura, "Spread Supersymmetry", Berkeley Center for Theoretical Physics, Department of Physics, and Theoretical Physics Group, Lawrence Berkeley National Laboratory, University of California, Berkeley, CA 94720, USA, 19 Nov 2011