Карл Дејвид Андерсон
Карл Дејвид Андерсон | |
---|---|
Роден(а) | септември 3, 1905 Њујорк, САД |
Починал(а) | јануари 11, 1991 Сан Марино, Калифорнија, САД | (возр. 85)
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Калифорниски институт за технологија |
Образование | Калифорниски институт за технологија |
Значајни студенти | Доналд Глазер Сет Недермаер |
Познат по | Откривањето на позитронот Откривањето на мионот |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1936) Елиот Кресонов медал (1937) |
Карл Дејвид Андерсон (англиски: Carl David Anderson 3 септември 1905 — 11 јануари 1991) — американски физичар. Тој е најпознат по неговото откривање на позитронот во 1932, достугнување за кое бил награден со Нобеловата награда за физика во 1936, а исто така и за мионот во 1936.
Животопис
[уреди | уреди извор]Андерсон се родил во Њујорк, како син на шведски имигранти. Тој студирал физика и инженерство во Калтех (каде дипломирал во 1927, а докторирал во 1930). Под надзор на Роберт Миликан, тој почнал да истражува за космичкото зрачење за време на курсот во кој наишол на неочекувани траги од честички во неговите фотографии од маглена комора која точно ја протолкувал дека е создадена од честичка со иста маса како електронот, но со спротивен електричен полнеж. Ова откритие, објавено во 1932 и подоцна потврдено од други, го потврдило теоретското предвидување на Пол Дирак за постоењето на позитронот. Андерсон прв ги открил честичките во космичкото зрачење. Подоцна тој создал поубедлив доказ со тоа што сликал гама-зраци создадени од природен радиоактивен нуклид ThC'' (208Tl)[1] во други материјали, резултирајќи со создавање на позитрон-електронски парови. За оваа работа, Андерсон ја поделил Нобеловата награда за физика во 1936 со Виктор Франц Хес.[2]
Исто така во 1936, Андерсон и неговиот прв дипломиран студент, Сет Недермаер, го откриле мионот, субатомска честичка 207 пати поголема од електронот, но со ист негативен електричен полнеж и спин 1/2 како електронот, повторно во космичкото зрачење. Андерсон и Недермаер најпрво сметале дека го виделе пионот, честичка која Хидеки Јукава ја постулирал во неговата теорија за силно заемодејство. Кога станало јасно дека тоа што Андерсон го видел „не“ е пионот, физичарот Исидор Ајзек Раби, збунет од тоа како неочекуваното откритие може да биде дел од било која логична шема на честичната физика, гледајќи прашал „Кој го нарача ’тоа‘?“ Мионот бил прв на долгиот список на субатомски честички чие откритие најпрво ги збунило теоретичарите кои не можеле да ја сместат конфузната „зоолошка“ во некоја средена концептуална шема. Вилис Лем, на неговото Нобелово предавање во 1955, се пошегувал дека слушнал „пронаоѓачот на новата елементарна честичка е награден со Нобелова награда, но таквото откритие сега се казнува со 10.000 долари казна“.[3]
Андерсон ја поминал цела своја академска и истражна кариера во Калтех. За време на Втората светска војна, тој спровел истражување во тамошната ракетарија. Бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 1950.[4] Тој починал на 11 јануари 1991, а неговите смртни поставки биле погребани на гробиштата „Холивуд хилс“ во Лос Анџелес, Калифорнија. Неговата жена, Лорен, починала во 1984.
Објавени дела
[уреди | уреди извор]- C.D. Anderson (1933). „The Positive Electron“. Physical Review. 43 (6): 491. Bibcode:1933PhRv...43..491A. doi:10.1103/PhysRev.43.491.
- C.D. Anderson (1932). „The Apparent Existence of Easily Deflectable Positives“. Science. 76 (1967): 238–9. Bibcode:1932Sci....76..238A. doi:10.1126/science.76.1967.238. PMID 17731542.
- C.D. Anderson (1957), Technical adviser to The Strange Case of the Cosmic Rays, Bell System Science Film, Directed by Frank Capra, Frank Capra Productions.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ThC" is a historical designation of 208Tl, see Decay chains
- ↑ Physics 1936
- ↑ https://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1955/lamb-lecture.pdf
- ↑ „Book of Members, 1780-2010: Chapter A“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 17 April 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Карл Дејвид Андерсон“ на Ризницата ? |
- „Карл Дејвид Андерсон“. Find a Grave. Посетено на August 10, 2010.
- Annotated bibliography for Carl David Anderson from the Alsos Digital Library for Nuclear Issues Архивирано на 4 мај 2017 г.
- American National Biography, vol. 1, pp. 445–446.
- Oral History interview transcript with Carl D. Anderson 30 June 1966, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives Архивирано на 22 мај 2011 г.
- National Academy of Sciences Biographical Memoir
|
- Родени во 1905 година
- Починати во 1991 година
- Американски физичари
- Експериментални физичари
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Американски нобеловци
- Честични физичари
- Луѓе од Њујорк
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Апсолвенти на Калифорнискиот технолошки институт
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Членови на Американското филозофско друштво