Рудолф II (Свето Римско Царство)
Рудолф II & I | |
---|---|
Цар на Светото Римско Царство | |
На престол | 12 октомври 1576 – 20 јануари 1612 |
Претходник | Максимилијан II |
Наследник | Матеја |
Крал на Германија | |
На престол | 27 октомври 1575 – 20 јануари 1612 |
Крунисување | 1 ноември 1575 |
Претходник | Максимилијан II |
Наследник | Матеја |
Крал на Бохемија | |
На престол | 22 септември 1575 – 11 март 1611 |
Крунисување | 22 септември 1575 |
Претходник | Максимилијан II |
Наследник | Матеја |
Крал на Унгарија и Хрватска | |
На престол | 25 септември 1572 – 25 јуни 1608 |
Крунисување | 26 септември 1572 |
Претходник | Максимилијан II |
Наследник | Матеја |
Роден(а) | 18 јули 1552 Виена, Austria |
Починал(а) | 20 јануари 1612 Прага, Кралство Бохемија | (возр. 59)
Почивалиште | |
Династија | Хабсбуршка династија |
Татко | Максимилијан II |
Мајка | Марија Шпанска |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Рудолф II (германски: Rudolf II, роден на 18 јули 1552 во Виена - починал на 20 јануари 1612 во Прага) — цар на Светото Римско Царство во периодот од 1575 до неговата абдикција во 1611 година.
Рани години
[уреди | уреди извор]Рудолф бил член на Хабсбуршката династија како син на Максимилијан II и Марија Шпанска, која била сестра на Филип II. Кога бил на единаесет години бил испратен од виенскиот двор во Мадрид каде се задржал до 1571 година. Таму во дворот на својот чичко добил високо образование. Во Мадрид научил да зборува неколку јазици: германски, шпански, француски, латински, чешки. Католиците во Рудолф гледале со голема надеж, а во Шпанија самиот Рудолф се стекнал со омразата кон ересите. Од Мадрид се вратил како круто и повлечено момче[1]. Уште во тоа време покажувал незаинтересираност кон државните институции. Од друга страна покажувал голем интерес кон алхемијата и астрологијата кои во текот на ренесансата биле сметани за науки. Освен тоа Рудолф се интересирал за часовници, коњи и разни ретки уметнички предмети и дела. Рудолф бил болен од меланхолија, која тогаш се нарекувала депресија. И покрај тоа што депресијата била вообичаена кај Хабсбуршката династија како фамилија, кај Рудолф нападите траеле почесто.
Слично како и англиската кралица Елизабета I, и самиот Рудолф водел чести преговори околу склучување на династички бракови, но тој никогаш не се оженил. Поради ова, често се шпекулирало околу неговата сексуална определеност и дека тој бил хомосексуалец[2]. Но денеска се смета дека овие шпекулации му биле подметнувани од страна на неговите непријатели[3], бидејќи е познато дека имал вонбрачни врски со неколку жени со кои имал и незаконски деца[1].
Владеење
[уреди | уреди извор]Рудолф во 1572 година ја добил титулата крал на Унгарија. Рудолф ја добил бохемската круна на Свети Вацлав на 7 септември 1575, уште додека бил жив неговиот татко. Истата година на 1 ноември 1575 ја добил и титулата на цар на Светото Римско Царство во Регенсбург додека по смртта на неговиот татко во 1576 година станал надвојвода на Австрија. Рудолф II одлучил да ја премести царската резиденција во Прага на 16 октомври 1583 година, додека државните работи ги доверил на својот брат Матијас кој управувал од Австрија. Иако бил одгледан во католичкиот шпански двор, Рудолф покажал толерантност кон протестантите и еврејското население[1]. Тој во суштина не бил заинтересиран за религијата, туку сакал да воспостави рамнотежа помеѓу агресивниот папа кој инсистирал на политиката на контра-реформација. Неговата верска политика понекогаш се оценува како неодлучна и неадекватна.
Во текот на неговото владеење продолжила Триесетгодишната војна[4] каде Османлиите биле поразени во Битката кај Сисак започнале нова војна со Светото Римско Царство[5]. Војната главно била водена по течението на река Дунав, а како причина била територијата околу северна Унгарија и Трансилванија. Царот Рудолф во текот на овој период се наоѓал во Прага и имал намера да создаде нов христијански сојуз за војна против Османлиите. Во 1604 година, неговата фамилија го натерала да ја отстапи Унгарија на својот брат Матијас. Во меѓувреме бил потпишан договор од Житваторок според кој завршила Долгата војна во Унгарија. Според него, Османлиското Царство значително се проширила во Унгарија, но султанот го признал царот како рамноправен. Рудолф не сакал да го потпише договорот, и тоа го искористил Матијас кој со помош на Унгарија започнал опсада на својот брат во Прага. Поради тоа, Рудолф бил принуден најпрвин да го именува својот брат за наследник и во 1608 година да му ја отстапи Унгарија и Чешка, како и Австриското надвојводство.
Согледувајќи ја тешката положба на Рудолф, чешките протестанти побарале поголеми права, и истите ги добиле во 1609 година. Но барањата на протестантите не запреле, па Рудолф морал да употреби сила. По овој настан, чешката аристократија побарала да се повлече Рудолф од царскиот престол и на негово место да застане неговиот брат Матијас. Така, Матијас бил крунисан за цар на 23 мај 1611 година. Од овој момент Рудолф II останал без вистинска моќ и царската титула била само почесна. Изолиран, тој продолжил да живее сред своите колекции (имал направено околу три илјади слики) до смртта на 20 јануари 1612 година.
Колекционер
[уреди | уреди извор]Неговата колекција од уметнички дела станала легендарна. Голем дел од неговите нарачки биле со невообичаена еротска содржина[6]. Една од најбогатите за времето, таа вклучувала уметнички дела од Антонио Алегри да Кореџо, Пармиџанинои и Албрехт Дирер. Дел од оваа колекција може да се види на првиот спрат на Уметничкоисторискиот музеј во Виена.
Во Прага се наоѓа купената од Рудолф слика на Албрехт Дирер - „Мадоната со розите“ од венецијанската црква „Сан Вартоломео“. По негова наредба сликата била донесена во Прага.
Голема слава добил портретот кој бил насликан од Џузепе Арчимболдо на Рудолф II, т.н. „Плодотворен Рудолф“, претставен како антички римски бог. Рудолф се занимавал со различни окултни науки барајќи го т.н. камен на мудроста. Во тоа време границата меѓу астрономијата и астрологијата, минералогијата и алхемијата била нејасна.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Рудолф II (Свето Римско Царство)“ на Ризницата ? |
- Rudolf II, from Encyclopædia Britannica, latest edition online, full-article.
- Rudolf II and Prague Архивирано на 2 август 1997 г., 1997 official exhibition.
- Prague during the reign of Rudolf II, by Jacob Wisse, in Timeline of Art History. New York: The Metropolitan Museum of Art, 2000.
- Rudolf II Архивирано на 6 јуни 2016 г., by Edward Einhorn, tells the story of the latter part of Rudolf II's life.
- https://www.lobkowicz.cz/en/Highlights-from-The-Collections-47.htm?item=425 Архивирано на 21 јуни 2016 г.
Рудолф II (Свето Римско Царство) Роден(а): 18 јули 1552 Починал(а): 20 јануари 1612
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Максимилијан II |
Крал на Бохемија 1576–1611 |
Наследник Матеја |
Крал на Унгарија и Хрватска Надвојвода на Австрија Маркгроф од Моравија 1576–1608 | ||
Крал на Германија 1575–1612 | ||
Цар на Светото Римско Царство 1576–1612 | ||
Претходник Јакопо VII Апијани |
Кнез на Пјомбино 1603–1611 |
Наследник Изабела Апијани |
Претходник Сигизмунд Батори |
Кнез на Трансилванија 1601–1605 |
Наследник Иштван Бочкај |
Кнез на Трансилванија 1598 |
Наследник Сигизмунд Батори | |
Претходник Михај Храбриот |
Кнез на Трансилванија 1600–1601 |