Прејди на содржината

Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Врвот K2 на Хималаите
Планината Макинли во Алјаска — највисока во Северна Америка

Планина — возвишување на Земјината површина во одредени подрачја коe е резултат на активноста на внатрешните сили во Земјината кора.

Постојат многу теории за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи плочи на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потонато подрачје. Тогаш таму се таложат седиментите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, набирањето оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир.

Поделба на планините

[уреди | уреди извор]

Планините ги делиме на млади верижни и стари грамадни планини.

Првите се одликуваат со остри врвови и најчесто се многу високи. Тие се помлади бидејќи врз нив уште не дејствувала ерозијата, која, во текот на милиони години ќе одзема материјали и ќе ги изедначува облиците, како да е планината „зарамнета“, а тоа им се има случено на старите планини, кои имаат заоблени гребени, па дури и зарамнети.

Орогенеза

[уреди | уреди извор]

Во текот на долгата геолошка историја на Земјата имало четири големи орогенски циклуси (од грчки oros=гора и genesis=создавање). Како резултат на овие циклуси дошло до создавањето на постојните планини. Последниот од овие циклуси е орогонија алпина, зошто од него се создадени Алпите во Европа, како и денешната структура на Андите во Јужна Америка или Карпестите Планини во Северна Америка.

Планината како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Планината како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Планината како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Планинска свирка“ (англиски: Mountain Jam) — песна на американската блуз-група Алман брадерс бенд (The Allman Brothers Band) од 1971 година.[11]
  • „Да одиме во планините“ (српскохрватски: Hajdemo u planine) — песна на југословенската рок-група Бијело дугме (Bijelo Dugme).[12]
  • „Блубел нол“ (англиски: Blue Bell Knoll) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Кокто твинс (Cocteau Twins) од 1988 година.[13]
  • „Црната страна на планината“ (англиски: Black Mountain Side) — песна на британската рок-група Лед цепелин (Led Zeppelin) од 1968 година.[14]
  • „Планинска линија“ (англиски: Mountain Line) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1986 година.[15]
  • „Планини“ (англиски: Mountains) — песна на американскиот поп-музичар Принс (Prince) од 1986 година.[16]
  • „Планина на мојата порта“ (англиски: Mountain at My Gates) — песна на групата Фоулс (Foals).[17]
  • „Планинска песна“ (англиски: Mountain Song) — песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.[18]
  • „Ноќ на диско-планината“ (англиски: Night On Disco Mountain) — песна на американскиот рок-музичар Дејвид Шаер (David Shire) од 1977 година.[19]
  • „Можам да поместам планина“ (англиски: Move any mountain) — песна на британската група Шејмен (The Sahamen).[20]

Планината како тема во филмот

[уреди | уреди извор]
  1. Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 37-38.
  2. Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 53-54.
  3. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 73-74.
  4. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 12-13.
  5. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 58.
  6. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 54-55.
  7. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 56.
  8. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.
  9. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 34.
  10. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 73-75.
  11. DISCOGS, The Allman Brothers Band ‎– The Fillmore Concerts (пристапено на 30.3.2019)
  12. YouTube, bijelo dugme-hajdemo u planine (пристапено на 15.1.2017)
  13. Cocteau Twins – Blue Bell Knoll (пристапено на 22.2.2024)
  14. DISCOGS, Led Zeppelin ‎– Led Zeppelin (пристапено на 30.12.2020)
  15. Meat Puppets – Out My Way (пристапено на 21.3.2023)[мртва врска]
  16. YouTube, Prince - Mountains (Lyrics) (пристапено на 15.1.2017)
  17. YouTube, Mountain at My Gates (пристапено на 1.3.2020)
  18. Discogs, Jane's Addiction – Nothing's Shocking (пристапено на 17.12.2020)
  19. Discogs, Various ‎– Saturday Night Fever (The Original Movie Sound Track) (пристапено на 31.3.2019)
  20. YouTube, The Shamen - Move any mountain (пристапено на 2.3.2017)
  21. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 22.
  22. Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 22.