Прејди на содржината

Нови птици

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Neornithes)
Нови птици
Нови птици
Период: креда–денес,
Нојстаровилична птица
Обичен галебнововилична птица
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Gadow, 1893[1]
Редови

Подгрупи

Нови птици или современи птици (науч. Neornithes) − поткласа која ги вклучува сите рецентни птици и нивните потомци.

Новите птици се одликуваат со пердуви, клун без заби (древните птици поседувале заби), несење на тврдочерупкести јајца, висок степен на метаболизам, четирикоморно срце и лесен, но цврст скелет. Кај сите птици предните екстремитети се изменети во крила и повеќето можат да летаат, со мали исклучоци (птици-тркачи, пингвини и неколку различн ендемски островски видови). Птиците исто така поседуваат единствен варен и дишен систем кои се високоприлагодени за лет. Некои птици, особено враните и папагалите, се меѓу најинтелигентните животински видови; неколку видови на птици користат и изработуваат различни алатки, а многу друштвени видови го предаваат своето знаење на наредните поколенија.

Многу видови на нови птици секоја година се селат, а други изведуваат пократки неправилни движења. Птиците се друштвени; тие комуницираат користејќи визуелни сигнали и преку повици и песни, а покажуваат и друштвено поведение, како кооперативно одгледување на подмладокот и ловење, здружување во јато и бркање на грабливците. Најголем дел од птиците се друштвено моногамни, обично во една сезона на парење, а некогаш и со години, но ретко цел живот.

Систематика

[уреди | уреди извор]

Новите птици се поделени на два надреда: старовилични (Palaeognathae, каде припаѓаат скриеноопашните птици и нелетачките тркачки птици, како на пример ноевите), и многу разновидниот надред на нововилични (Neognathae, кој ги содржи сите останати птици). Во зависност од гледната точка на таксономијата, бројот на видови варира некаде од 8800 до 10200 опишани рецентни птици во светот. Општо е прифатено тврдењето дека новите птици еволуирале во Креда, како и тоа дека расчленувањето меѓу таксонот кокошкогуски (Galloanserae) и другите нововилични се случило пред кредотерциерното изумирање. Сепак, постојат различни размислувања во врска со тоа дали распространувањето на останатите нововилични се случило пред или по изумирањето на останатите диносауруси.[2] Ова недоразбирање делумно е предизвикано и од дивергенцијата во доказите, при што молекуларните истражувања укажуваат на кредско распространување, додека фосилните докази го поддржуваат терциерното распространување. Обидите со цел да се поистоветат молекуларните и фосилните докази се покажаа како контроверзни.[2][3]

Систематиката на новите птици е осетливо прашање. Сиблиевата & Алквистовата Филогенија и класификација на птиците (1990) е капитално дело во областа на систематиката на птиците, иако е често дискутирано и преуредувано. Поголем дел од доказите укажуваат на тоа дека редовите на нови птици сочинуваат точно определен таксон. Меѓутоа, научниците не се согласуваат за врските кои постојат меѓу редовите. Новите фосилни и молекуларни докази даваат поголема светлина на еволуцијата на редовите од нови птици.

 
Aves 

Archaeopteryx


 Pygostylia 

Confuciusornithidae


 Ornithothoraces 

Enantiornithes


 Ornithurae 

Hesperornithiformes


 Neornithes 

Palaeognathae


 Neognathae 

Galloanserae



Neoaves








Основна филогенија на птиците која ги прикажува новите птици и изумрените древни групи (упростено по Chiappe, 2007[4])
Кладограм кој ја прикажува најскорешната систематика на новите птици, основана на неколку филогенетски истражувања.

Подолу е дадена список на систематските редови во поткласата Neornithes, односно нови птици.

Поткласа Neornithes

Забелешка: Оваа листа е основана на традиционалната систематика (т.н. Клементсови редови) - со додавање на широко прифатените разграноци (кладови) Galloanserae и Neoaves. Но, развиена е и радикално различна систематика основана на молекуларните податоци (т.н. Сибли-Монро или Сибли-Алквистова систематика).

Филогенија

[уреди | уреди извор]
Скица на филогенетското дрво на новите птици за време на и по изумирањето „К-Т“

Основни разгранувања (дивергенции) на новите птици по Сибли-Алквистовата систематика.

Neornithes  
Palaeognathae 

Struthioniformes



Tinamiformes



 Neognathae 
 

Neoaves


Galloanserae 

Anseriformes


    

Galliformes






Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Брендс, Шила (17 октомври 2009). „Systema Naturae 2000 / Класификација – поткласа Нови птици (Neornithes) –“. Проект: Таксономикон. Амстердам: Universal Taxonomic Services. Посетено на 11 јуни 2012. (англиски)
  2. 2,0 2,1 Ericson PGP, Anderson CL, Britton T, Elzanowski A, Johansson US, Kallersjo M, Ohlson JI, Parsons TJ, Zuccon D, Mayr G (22 декември 2006). „Диверзификација на Neoaves: интеграција на податоците од молекуларните секвенци и фосилите“. Biol Lett. 2 (4): 543–547. doi:10.1098/rsbl.2006.0523. PMC 1834003. PMID 17148284.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Brown J, Payne B, Mindell D (27 June 2007). „Јадрената DNA не ги поддржува 'карпите' и 'часовниците' кај Neoaves: коментар на Ericson et al.. Biol Lett. 3 (3): 1–3. doi:10.1098/rsbl.2006.0611. PMC 2464679. PMID 17389215.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Chiappe, Luis M. (2007). Прославените диносауруси: потеклото и раната еволуција на птиците. Sydney: University of New South Wales Press. ISBN 978-0-86840-413-4.