Чичок
Чичок | |
---|---|
Научна класификација врска=Шаблон:Taxonomy/Arctium| e | |
Царство: | Plantae |
Кладус: | Tracheophytes |
Кладус: | Angiospermae |
Кладус: | Eudicotidae |
Кладус: | Asterids |
Ред: | Asterales |
Породица: | Asteraceae |
Племе: | Cynareae |
Род: | Arctium |
врсти | |
Чичок (Arctium lappa) е од род на скриеносеменици од фамилија морска ѕвезда (Compositae). Чичокот е двегодишно растение,има долг сиво-кафеавест вретенест корен. Во првата година се појавуваат големи приземни листови во форма на срце. Во втората година расте исправено разгрането дрво со висина од 1-1,5 м. Листовите стануваат се помали одејќи кон врвот на дрвото. Цвета во главици со темноцрвени тубуларни, густо спакувани цветови. Плодовите имаат боцки кои лесно се лепат за облеката. Расте покрај патишта, ливади и необработени површини.[1]
Лековит дел од растението: коренот, листовите и семките се користат како лек. Двогодишниот корен се бере во пролет и есен, листовите се уште млади, а семето кога ќе бидесозреано.
Лековити својства: Коренот делува противотровно, го забрзува излачувањето на урината и потта и ја прочистува крвта. Се користи и во лекување на венерични болести, сите видови чиреви, гихт, застарени ревматски заболувања, водени болести и труење со жива. Чајот од млади листови се користи во лекување на стомачни тегоби и надуеност, а е добар лек за разни осипи, чиреви, гнојни рани и чиреви во устата. Семето се користи кај сите болести за кои се користи и коренот и листот, но семето е посилно.[2] Семето се користи и за добивање на чичково масло кое се покажало како многу ефикасно во борбата против првутот, опаѓање на косата и ќелавоста.
Најпознатиот вид од овој род е Големиот Чичок (Arctium lappa).[3]
Литература
[уреди | уреди извор]- Јован Туцаков: Хербална медицина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jarić, S., Popović, Z., Mačukanović-Jocić, M., Djurdjević, L., Mijatović, M., Karadžić, B., ... & Pavlović, P. (2007). An ethnobotanical study on the usage of wild medicinal herbs from Kopaonik Mountain (Central Serbia). Journal of ethnopharmacology, 111(1), 160-175.
- ↑ Menale, B., et al. "Traditional uses of plants in North-Western Molise (central Italy)." Delpinoa 48 (2006): 29-36.
- ↑ Чајкановић, Веселин (1994). Речник српских народних веровања о биљкама. Београд: Српска књижевна задруга. стр. 247
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- БиоНет училиште Архивирано на 3 мај 2009 г.
- Arctium - HerbsTopic.com