Фовизам
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Фовизмот е уметничка група основана во 1905 година во Париз. Фовизмот е првата уметничка револуција во XX век. Фовистите се мала група на истомисленици сликари како Анри Матис, Морис де Вламенк и Андре Дерен кои во 1905 година изложувале свои слики во Парискиот есенски салон. Еден новинарски критичар го искористил изразот "-{Les Fauves}-" (во превод „диви ѕверови“) за овие уметници (како иронично подбивање). Оттогаш тоа е име на целата сликарска група.
Главното обележје на фовистичката уметност е жестокост на бојата и деформација на ликовите. На сликите на уметниците од оваа група очигледна е и намерната отсутност на законот на перспектива. Тоа предизвикало голем скандал поради што и го добиле името „диви ѕверови“ . Фовизмот не била поврзана уметничка група. Тие уметници само еднаш имале заедничка изложба. Нивната уметност подоцна ќе има влијание врз германскиот експресионизам.
Оваа статија поврзана со уметноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |