Филип V (Франција)
Изглед
Филип V, наречен Висок (француски: Philippe le Long; роден на 17 ноември 1291 во Лион - починал на 3 јануари 1322 во Лонгшамп) бил крал на Франција од Капетинската династија, крал на Навара и гроф од Шампањ. Тој бил втор син на кралот Филип IV Убавиот и Јована I Наварска. Кога неговиот постар брат, Луј X починал, тој станал регент, додека се чекало раѓањето на Јован I, наследникот на престолот, којшто умрел по 5 дена од раѓањето. Постои сомнение дека Филип V е одговорен за смртта на новороденчето.
|