Прејди на содржината

Родриго Бентанкур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Родриго Бентанкур
Лични податоци
Полно име Родриго Бентанкур Колман
Роден на 5 јуни 1997(1997-06-05)(27 г.)
Роден во Нуева Елвесија, Уругвај
Држава Уругвај Уругвај
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 30
Младинска кариера
Бока Хуниорс Бока Хуниорс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 51 (1)
2017-2022 Јувентус Јувентус 133 (2)
2022- Тотенхем Тотенхем 41 (6)
Репрезентација
2017 Уругвај Уругвај 20 14 (1)
2017- Уругвај Уругвај 56 (1)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Родриго Бентанкур (роден на 25 јуни 1997, во Нуева Елвесија) — уругвајски фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на уругвајската репрезентација.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден и израснат во Нуева Елвесија, департманот Колонија, Бентанкур ја изгубил својата мајка кога имал само 4 години. Изборот на дресот со број 30 е почит за неа, сеќавајќи се на нејзиниот роденден.

Тој бил фудбалски навивач уште од детството, а го израснал неговиот татко и неговата нова партнерка. Во семејството го добил прекарот Лоло,[1] додека италијанските весници го идентификувале како Принчипе (превод на мак. Принц),[2] веројатно сметајќи го за наследник на Клаудио Маркизио, познат по прекарот Ил Принчипино (превод на мак. Малиот Принц), во средниот ред на Јувентус.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Како внатрешен играч од средниот ред, Бентанкур може да се прилагоди и да ги игра сите улоги во средниот ред, од позицијата со дефанзивни задачи до офанзивен играч од средниот ред, како и мецала, позицијата на која најдобро се снаоѓа.[3][4][5] Многу технички играч,[4] амбидекстер,[3][4] и многу силен физички играч од средниот ред,[3][4][5] добар во вметнувања и со делотворен дриблинг.[3] Може да се користи и во одбранбената фаза, способен е да притиска и да ги сече додавањата на противниците, но често неговата импулсивност го наведува да прави прекршоци и добива голем број на картони.[5]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Бока Хуниорс

[уреди | уреди извор]
Бентанкур во Бока Хуниорс

Како дете почнал да игра во клубот Артесано во Нуева Елвесија, но на 9 години татко му го одвел него и неговиот брат на проби во Пењарол, за потоа тој да се приклучи на младинската академија на овој уругвајскиот клуб.[3][6] Таму ќе остане три години, пред да се пресели во Аргентина во Бока Хуниорс.

Своето деби како професионалец го направил на 9 април 2015 година, во натпреварот од Копа Либертадорес против Вондерерс Монтевидео влегувајќи во игра во 69-тата минута во победата со 3-0, по што уследило и неговото деби во првенството на 12 април 2017 во натпреварот против Нуева Чикаго кој завршил 0-0, влегувајќи на местото на Пабло Перес во 77-мата минута.[7]

Во текот на летото на 2015 година, Бентанкур бил вклучен во договорот со кој бил извршен трансферот на Карлос Тевес од Јувентус во Бока Хуниорс; како дел од овој договор, екипата на Јувентус се здобила со право да одлучува за купување на Бентанкур, што можело да се оствари до 20 април 2017 година за износ од 9,4 милиони евра.[8]

На крајот на 2015 година, тој бил избран од аргентинскиот весник Clarín за играч откровение на годината.[4]

Јувентус

[уреди | уреди извор]

Откако спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота, потврдил дека Јувентус ќе го искористи своето право за купување на Бентанкур,[9] на 3 април 2017 тој стигнал во Торино и ги завршил медицинските тестови истиот ден, по што потпишал петгодишен договор со Јувентус во трајност од 1 јули 2017, до 30 јуни 2022.

Своето деби за Јувентус го направил на 26 август 2017, влегувајќи како замена во победата со 4-2 на гости против Џенова во Серија А. Под водството на тренерот Масимилијано Алегри, својата прва сезона во Јувентус ја завршил со 27 настапи во сите натпреварувања, освојувајќи ги своето прво скудето и првиот Куп на Италија во кариерата.

Бентанкур со Јувентус во 2019.

На 6 октомври 2018, Бентанкур го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус во победата со 2-0 на гостувањето кај Удинезе во Серија А.[10][11] Својот втор гол го постигнал на 1 декември, во победата со 3-0 над Фјорентина во Фиренца, исто така во Серија А. Во јануари 2019, го освоил својот прв Суперкуп на Италија играјќи 86 минути во победата со 1-0 над Милан, а на крајот од сезоната го освоил своето второ скудето со бјанконерите.

На 22 јуни 2019, Бентанкур го продолжил договорот со Јувентус до 2024 година.[12] На 26 јули 2020, сега со нов тренер Маурицио Сари, Бентанкур го освоил своето трето скудето во кариерата со Јувентус. Сезоната 2019-2020 ја завршил со 43 настапи и еден гол, кој го постигнал во четвртфиналето на Купот на Италија против Рома во победата со 3-1.[13]

Во сезоната 2020-2021, Бентанкур му помогнал на својот клуб да освои два нови трофеи: Суперкупот на Италија 2020 и Купот на Италија.

Вкупно за Јувентус одиграл 181 натпревар и постигнал 3 гола, освојувајќи седум трофеи за четири и пол години во кои го носел дресот на Старата дама.

Тотенхем

[уреди | уреди извор]

На 31 јануари 2022, Бентанкур потпишал три и пол годишен договор со Тотенхем, во трансфер вреден 19 милиони евра (потенцијално може да се искачи до 25 милиони евра во зависност од одредени бонуси).[14][15] Своето деби за Спарс го направил на 5 февруари 2022, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Хари Винкс во победата со 3-1 на домашен терен над Брајтон во четвртата рунда на ФА купот.[16] Четири дена подоцна, повторно влегувајќи од клупата дебитирал во Премиер лигата, заменувајќи го Пјер-Емил Хојбјерг во поразот на домашен терен од Саутхемптон со 2-3.[17]

Бентанкур играјќи за Тотенхем во 2022 година.

На 18 септември 2022 година, Бентанкур го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 6-2 на домашен терен над Лестер Сити во Премиер лигата.[18] На 26 октомври, тој го спасил Тотенхем од пораз во ремито 1-1 против Спортинг Лисабон со погодок во 80-тата минута, што бил негов прв во кариерата во Лигата на шампионите. Тој ја продолжил својата голгетерска форма три дена подоцна во првенствотото против Борнмут, кога влегувајќи од клупата успеал да го постигне победничкиот гол во судиското надополнување, завршувајќи го камбекот на Спарс од негатива 0-2 до победа 3-2.[19] Две недели подоцна, тој постигнал два гола на еден натпревар, во првенствената победа со 4-3 над Лидс Јунајтед.[20] На 11 февруари 2023 година, Бентанкур доживеал повреда на предните вкрстени лигаменти за време на натпреварот против Лестер Сити, која го оддалечила од терените до крајот на сезоната.[21]

Бентанкур го направил своето враќање на терените на 27 октомври 2023, влегувајќи како замена од клупата за резерви во гостинската победа над Кристал Палас (1-2). На 5 јануари 2024 година, во победата со 1-0 над Барнли во ФА Купот, Бентанкур ја носел капитенската лента на Спарс во отсуство на стандарните капитени Сон Хеунг-мин, Џејмс Мадисон и Кристијан Ромеро.[22] Менаџерот Анге Постекоглу во врска со тоа изјавил дека „капитенската лента ќе биде некој вид на награда за него, за тешките 8 месеци што ги минал во периодот додека бил поврден“.[22] Својот прв гол по враќањето од повредата го постигнал девет дена подоцна, во ремито 2-2 во првенството против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.[23]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Бентанкур бил дел од репрезентацијата на Уругвај под 20 години која настапила на Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години 2017 во Еквадор. Тој постигнал еден гол на првенството во победата со 3-0 над Боливија во првата фаза од турнирот.[24] Уругвајците на крајот го освоиле првенството, а Бентанкур придонел за тоа со 8 настапи и 1 гол. Неколку месеци подоцна, тој настапил и на Светското првенство под 20 години, каде Уругвај го освоил четвртото место.

Во септември 2017 година, тој го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Уругвај од селекторот Оскар Табарес, за октомвриските квалификациски натпревари за Светското првенство 2018, против Венецуела и Боливија.[25] Дебитирал на 5 октомври, на возраст од 20 години, во натпреварот против Венецуела во Сан Кристобал, заменувајќи го Кристијан Родригес во 65-тата минута од натпреварот.[26]

Во мај 2018, Бентанкур се нашол на списокот на играчи на селекторот Оскар Табарес за Светското првенство 2018 во Русија. Тој ги одиграл сите натпревари на својата репрезентација во групната фаза во која Уругвај остварил три победи и со максимален број на бодови се квалификувал за осминафиналето. Во осминафиналето против Португалија во победата со 2-1, Бентанкур му асистирал на Единсон Кавани за победничкиот погодок на Селесте.[27] Уругвај бил елиминиран од турнирот по поразот со 2-0 од подоцнежниот шампион Франција во четвртфиналето на 6 јули.[28]

Следното лето, Табарес го повикал Бентанкур на Копа Америка 2019 во Бразил.[29] Таму Уругвај бил елиминиран во четвртфиналето од Перу на 29 јуни, по изведување на пенали откако натпреварот завршил 0–0; покрај тоа што Бентанкур бил еден од прецизните изведувачи за својата репрезентација Уругвај загубил со 4–5 на пенали.[30]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
5-10-2017 Сан Кристобал Венецуела Венецуела 0 – 0 Уругвај Уругвај Квал. за СП 2018 - влегол во игра 65' дет.
10-10-2017 Монтевидео Уругвај Уругвај 4 – 2 Боливија Боливија Квал. за СП 2018 - дет.
10-11-2017 Варшава Полска Полска 0 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска -
14-11-2017 Виена Австрија Австрија 2 – 1 Уругвај Уругвај Пријателска -
23-3-2018 Нанинг Уругвај Уругвај 2 – 0 Чешка Чешка Пријателска - заменет 82'
26-3-2018 Нанинг Велс Велс 0 – 1 Уругвај Уругвај Пријателска - заменет 78'
8-6-2018 Монетевидео Уругвај Уругвај 3 – 0 Узбекистан Узбекистан Пријателска -
15-06-2018 Екатеринбург Египет Египет 0 – 1 Уругвај Уругвај СП 2018 - Прва фаза - дет.
20-6-2018 Ростов Уругвај Уругвај 1 – 0 Саудиска Арабија Саудиска Арабија СП 2018 - Прва фаза - дет.
25-6-2018 Самара Уругвај Уругвај 3 – 0 Русија Русија СП 2018 - Прва фаза - добил жолт картон во 59-тата минута 59' заменет 63' дет.
30-6-2018 Сочи Уругвај Уругвај 2 – 1 Португалија Португалија СП 2018 - Осминафинале - заменет 63' дет.
6-7-2018 Нижни Новгород Уругвај Уругвај 0 – 2 Франција Франција СП 2018 - Четвртфинале - добил жолт картон во 38-мата минута 38' заменет 59' дет.
7-9-2018 Лос Анџелес Мексико Мексико 1 – 4 Уругвај Уругвај Пријателска - добил жолт картон во 38-мата минута 38' заменет 74'
12-10-2018 Сеул Јужна Кореја Јужна Кореја 2 – 1 Уругвај Уругвај Пријателска - добил жолт картон во 75-тата минута 75'
16-10-2018 Саитама Јапонија Јапонија 4 – 3 Уругвај Уругвај Пријателска - заменет 46'
16-11-2018 Лондон Бразил Бразил 1 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска -
20-11-2018 Сен Дени Франција Франција 1 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска - добил жолт картон во 79-тата минута 79'
22-3-2019 Нанинг Уругвај Уругвај 3 – 0 Узбекистан Узбекистан Пријателска - заменет 70'
7-6-2019 Монтевидео Уругвај Уругвај 3 – 0 Панама Панама Пријателска - заменет 56'
16-6-2019 Бело Хоризонте Уругвај Уругвај 4 – 0 Еквадор Еквадор Копа Америка 2019 - Прва фаза - дет.
20-6-2019 Порто Алегре Уругвај Уругвај 2 – 2 Јапонија Јапонија Копа Америка 2019 - Прва фаза - дет.
24-6-2019 Рио де Жанеиро Чиле Чиле 0 – 1 Уругвај Уругвај Копа Америка 2019 - Прва фаза - дет.
29-6-2019 Салвадор Уругвај Уругвај 0 – 0
(4 – 5 пен.)
Перу Перу Копа Америка 2019 - Четвртфинале - дет.
Вкупно Настапи 23 Голови 0

Статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 23 јануари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015 Аргентина Бока Хуниорс ПД 18 0 КА 6 0 КЛ 1 0 - - - 25 0
2016 ПД 11 1 КА 0 0 КЛ 5 0 СА 0 0 16 1
2016-2017 ПД 22 0 КА 3 0 - - - - - - 25 0
Вкупно Бока Хуниорс 51 1 9 0 6 0 - - 66 1
2017-2018 Италија Јувентус А 20 0 КИ 2 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 27 0
2018-2019 А 31 2 КИ 1 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 40 2
2019-2020 А 30 0 КИ 5 1 ЛШ 7 0 СИ 1 0 43 1
2020-2021 А 33 0 КИ 4 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 45 0
2021-јан. 2022 А 19 0 КИ 1 0 ЛШ 5 0 СИ 1 0 26 0
Вкупно Јувентус 133 2 13 1 31 0 4 0 181 3
јан.-јун. 2022 Англија Тотенхем ПЛ 17 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛК - - - - - 18 0
2022-2023 ПЛ 18 5 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 ЛШ 6 1 - - - 26 6
2023-2024 ПЛ 6 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 7 1
Вкупно Тотенхем 41 6 4 0 6 1 0 0 51 7
Вкупно во кариерата 225 9 26 1 43 1 4 0 298 11

Аргентина Бока Хуниорс

[уреди | уреди извор]
2015
2014-2015

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
2017-2018, 2020-2021
2018, 2020

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
Уругвај Уругвај под 20 години
Еквадор 2017
  1. „Alle origini di Bentancur, certezza della Juventus“. Посетено на 2 декември 2018.
  2. „Juventus, Bentancur è il principe del centrocampo“. Посетено на 2 декември 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Juventus, Bentancur ha firmato fino al 2022: «Mi manda Tevez, darò il massimo» è considerato uno dei migliori centrocampisti del panorama mondiale“. 21 април 2017. Посетено на 12 мај 2017.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Marco Gentile (11 август 2016). „Calciomercato, ecco chi è Bentancur: il talento che piace a Milan e Juventus“. Посетено на 12 мај 2017.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Bentancur, il "cocco" di Sarri: così si è preso la Juve. Ma quei gialli...“. Посетено на 28 ноември 2019.
  6. „Profilo - Rodrigo Bentancur, il genio del Boca che ha stregato la Juventus“. Посетено на 11 декември 2017.
  7. „Boca Juniors vs. Nueva Chicago - 12 April 2015 - Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 2015-06-28.
  8. „Juventus, le mani sul vivaio del Boca grazie a Tevez“. Corriere dello Sport - Stadio. 13 јули 2015. Посетено на 13 август 2016.
  9. „Signing with Bentnacur“. GOAL. 19 December 2016. Посетено на 19 December 2016.
  10. „UDINESE-JUVENTUS, GIOIA BENTANCUR: PRIMO GOL IN BIANCONERO“. www.calciomercato.it. 6 октомври 2018.
  11. „Bentancur enjoys debut Juve goal“. Football Italia. 6 October 2018. Посетено на 6 October 2018.
  12. „Бентакур го продолжи договорот со Јувентус“. Спортско радио 90.3 фм. 22 јуни 2019. Посетено на 1 јули 2019.
  13. „Pagelle Juve, Ronaldo show. Buffon e Bentancur da urlo“. 23 јануари 2020. Посетено на 23 јануари 2020.
  14. „Bentancur completes move“. www.tottenhamhotspur.com. 31 January 2022.
  15. „Suerte, Rodri!“. www.juventus.com/en. 31 January 2022.
  16. Krishnan Sreekumar (6 февруари 2022). „Conte gives verdict on Tottenham's new January signings making debut in FA Cup win“. tothelaneandback.com. Посетено на 6 февруари 2022.
  17. Tottenham Hotspur [@SpursOfficial] (9 February 2022). „A Premier League debut for Rodrigo Bentancur. 👏 ➡️ Bentancur ⬅️ Højbjerg ⚪️ 1-1 🟡 (58') t.co/T1wLO8Z38u“ (Tweet) (англиски). Архивирано од изворникот на 9 February 2022. Посетено на 2 December 2022 – преку Twitter.
  18. „Tottenham 6-2 Leicester: Heung-min Son ends drought with second half hat-trick“. Sky Sports (англиски). Посетено на 29 October 2022.
  19. „Bentancur scores late winner as Spurs fight back“. BBC Sport (англиски). Посетено на 29 October 2022.
  20. „Spurs 4-3 Leeds United“. Tottenham Hotspur. 12 November 2022.
  21. Romano, Fabrizio (12 February 2023). „Rodrigo Bentancur out for rest of season in major blow to Tottenham“. The Guardian.
  22. 22,0 22,1 „Ange on Bentancur captaincy decision“ (англиски). ФК Тотенхем Хотспар. 5 јануари 2024. Посетено на 15 јануари 2024.
  23. „Tottenham fight back to earn draw at Man Utd“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2024-01-15.
  24. Uruguay clasificó al hexagonal del Sudamericano Sub 20 tras vencer 3-0 a Bolivia Архивирано на 28 јануари 2017 г. depor.com
  25. „Uruguay, prima convocazione per Bentancur: la lista completa“. gianlucadimarzio.com. 15 септември 2017.
  26. Stefano Lanzo (7 октомври 2017). „Juventus, Bentancur promosso anche da Tabarez“. tuttosport.com.
  27. Gary Rose (30 June 2018). „Uruguay 2-1 Portugal“. BBC Sport. Посетено на 10 July 2018.
  28. Bevan, Chris (6 July 2018). „Uruguay 0 France 2“. Nizhny Novgorod: BBC Sport. Посетено на 6 July 2018.
  29. „Uruguay Team Squads Copa America 2019“. copaamerica2019.live. 7 March 2019. Архивирано од изворникот на 2021-04-16. Посетено на 13 June 2019.
  30. „Uruguay 0–0 Peru“. BBC Sport. 29 June 2019. Посетено на 30 June 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]