Полумаратон
Атлетика Полумаратон | |
---|---|
Натпреварувачи на Њујоршкиот полумаратон во 2008 | |
Светски рекорди | |
Мажи | Џејкоб Киплимо 57:31 (2021) |
Жени | мешана трка: Летенсенбет Гидеј 1:02:52 (2021) само трка за жени: Перес Џепчирчир 1:05:16 (2020)[1] |
Полумаратон[2] — атлетска дисциплина во трчање на половина од должината на маратонската трка, 21,0975 км. Најчесто се трча по патишта. Интересот за полумаратони и учеството на нив полека расте во последните години. Една од главните причини за тоа е предизвикот на далечината, која не бара толку посветеност и издржливост како маратонот.
Вообичаено е полумаратони да се одржуваат во исто време со маратоните, користејќи речиси иста патека од почеток до крај.
Полумаратонот не е на програмата на меѓународните натпревари како што се Олимписките игри и Светските првенства . IAAF (Меѓународно здружение на атлетски сојузи) го организира Светското првенство во полумаратон секоја година од 1992 година, со исклучок на 2006 и 2007 година. Во тие години полумаратонот бил заменет со трка на 20 километри, но во 2008 година, повторно е вратен полумаратонот.
Полумаратонот денес е спортската дисциплина со најголем раст на бројот на учесници. Една од најважните причини за тоа е предизвикот што го претставува полумаратонот, а во исто време не бара претерано вложување на време.
Светски рекорди
[уреди | уреди извор]Иако натпреварите во оваа дисциплина се одржувале и претходно, првиот светски рекорд во полумаратон бил признат од ИААФ (Меѓународното здружение на атлетски сојузи) во 1977 година. Актуелниот машки рекорд е 57:31 минути и бил поставен од Џејкоб Киплимо од Уганда во 2021 година. Кај жените, рекордот го држи Летенсенбет Гидеј од Етиопија со време 1:02:52, а постигнат е во 2021 година.
Познати полумаратони
[уреди | уреди извор]- Светско првенство во полумаратон
- Белградски полумаратон
- Полумаратон во Бристол
- Полумаратон во Чикаго
- Лисабонски маратон
- Њујоршки полумаратон
- Ротердамски полумаратон
- Стокхолмски полумаратон
- Варшавски полумаратон
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Peres JEPCHIRCHIR athlete profile at World Athletics“. Посетено на 2021-08-23.
- ↑ „полумаратон“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Полумаратон на Ризницата ?
- IAAF list of half-marathon records in XML