Прејди на содржината

Операција Божји гнев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Операцијата Божји гнев (хебрејски: מבצע זעם האל, Mivtza Za'am Ha'el) претставувала тајна операција на Израел и Мосад по Минхенскиот масакар во 1972 година кога биле убиени 11 олимписки натпреварувачи на Олимписките игри во Минхен. Целта на Мосад била ликвидирање на членовите на Црн септември и Палестинската ослободителна организација. Налог за оваа операција била дадена од страна на израелскиот премиер Голда Меир во есента на 1972 година.

По Минхенскиот масакар на Летните олимписки игри, премиерот Голда Меир создадала Комитет X, една мала група на државни службеници задолжени за формулирање на израелската реакција на чие чело застанал министерот за одбрана Моше Дајан. Таа исто така го именувала генералот Ахарон Јарив како нејзин советник за контратероризам заедно со директорот на Мосад Цви Замир. Комитетот заклучил дека за да ги одврати идните насилни инциденти против Израел потребно е да се извршат атентати врз оние кои го поддржувале или извршиле Минхенскиот масакар. Состојбата дополнително се зголемила кога тројца од преживеаните извршители на масакрот биле пуштени само неколку месеци подоцна од Западна Германија. Првата задача на комисијата за израелската разузнавачка служба била да се направи список на сите оние кои биле вклучени во Минхен. Ова било постигнато со помош на ПЛО оперативците кои работеле за Мосад како и со помош на информациите обезбедени од страна на пријателските европски разузнавачки агенции.[1]

Планирањето на операцијата била наменета кон постигнување на еден општ страв меѓу палестинските милитанти. Според поранешниот заменик-шеф на Мосад Дејвид Кимче целта на операцијата не била толку во одмаздата туку повеќе била насочена кон палестинските терористи да ги направи плашливи.

Операција

[уреди | уреди извор]
  • Првиот атентат се случил на 16 октомври [1972] година, кога палестинецот Ваел Цвајтер бил убиен во Рим. Агентите на Мосад го чекале да се врати од вечера, и го застрелале единаесет пати, како одговор на единаесетте жртви од Минхенскиот масакар.
  • Втората цел на Мосад била д-р Махмуд Хамшари, претставник на ПЛО во Франција. Агентот на Мосад, претставувајќи се како еден италијански новинар, влегол во неговиот стан во Париз и поставил бомба под бирото на телефонот. На 8 декември 1972 година бил извршен атентатот и Хамшари останал доволно долго свесен за да каже што всушност се случило. По неколку недели тој починал во болница[2]. Друг атентат се случил во Лондон каде еден палестински активист бил стручно фрлен под автобусот за време на сообраќајниот метеж[3].
  • Во ноќта на 24 јануари 1973 година, Хусеин ал Башир, претставник на Фатах во Кипар бил убиен од бомба која била поставена под неговиот кревет.
  • На 6 април 1973 година, д-р Васил ал-Кубаиси, професор по право на Американскиот универзитет во Бејрут бил застрелан во Париз враќајќи се дома од вечера. Како и претходните атентати, тој бил застрелан околу 12 пати од страна на агентите на Мосад.
  • Тројца од целите на Мосад живееле во силно обезбедени куќи во Либан, кои биле надвор од дофатот на претходните атентаторски методи. Со цел да ги убие, во ноќта на 9 април 1973 година, специјаллните командоси на Израел се истовариле на брегот од Либан и истите биле пречекани од страна на агентите на Модад. Командосите биле маскирани како цивили, а некои биле облечени како жени. За време на операцијата, двајца либански полицајци, еден италијански државјанин, и неговата сопруга Најар биле убиени. Еден израелски командос бил повреден. Во текот на операцијата биле убиени од 12 до 100 членови на ПЛО и ПЕЛФ.
  • На 11 април 1973 година во Атина во еден хотел бил убиен Зајад Мушаси, а во Рим биле повредени двајца малолетни членови на Црн септември[4].
  • На 28 јуни 1973 година бил убиен Мухамед Будија во Париз од автомобил бомба.[5].
  • На 15 декември 1979 година, двајца палестинци биле убиени во Кипар.[6]
  • На 17 јуни 1982 година во Италија биле убиени двајца високи членови на ПЛО.
  • На 23 јули 1982, Фадл Дани, заменик-директор на ПЛО во Париз, бил убиен од бомба која била поставена во неговиот автомобил.
  • На 10 јуни 1986 година, Калед Ахмед Назал, генералниот секретар на ДЕЛП бил застрелан пред еден хотел во Атина, Грција. Назал бил застрелан четири пати во главата[6].
  • На 21 октомври 1986, висок член на ПЛо и член на Палестинскиот национален совет, бил убиен од бомба додека се возел низ предградието на Атина[6][7]

Али Хасан Салам

[уреди | уреди извор]

Мосад продолжил по потрага на Али Хасан Саламех кој бил на чело на Минхенскиот масакар. Според некои функционери на Црн септември тој бил вмешан во многу напади во Европа но не бил вмешан во Минхенскиот масакар[8].

Во норвешкиот град Лилехамер агентите од „Цезареја“ го откриле и наводниот „мозок“ на минхенската операција Али Хасан Салам. Но човекот, кого тие го убиле на улица со 14 истрели, се покажало дека бил само обичен келнер од Мароко. Норвешките власти ги уапсиле агентите на Мосад и ги смеситиле во затвор. За овој случај во 1996 година изралеската влада исплатила надомест на семејството на убиениот Али Хасан Салам.

Како последица на аферата Лилехамер Голда Меир наредила запирање на операцијата Божји гнев[9] Пет години подоцна било одлучено да се започне операција под новиот премиер Менахем Бегин, и да се најдат оние на листата кои сè уште биле на слобода.[10]

Успешниот атентат на вистинскиот Али Хасан Салам се случил на 22 јануари 1979 година во Бејрут од автомобил бомба.

  1. Morris, 381.
  2. Reeve, 165.
  3. Thomas, Gordon: Gideon's Spies: The Secret History of the Mossad
  4. Reeve, 184.
  5. Reeve, 185.
  6. 6,0 6,1 6,2 Chapter 2: Encyclopedia of the Palestine Problem Архивирано на 22 март 2012 г.. Palestine-encyclopedia.com. Посетено на May 8, 2012.
  7. הודעת שגיאה – דף הבית. ynet (June 20, 1995). Посетено на May 8, 2012.
  8. Klein, 219.
  9. Reeve, 199.
  10. Reeve, 203.