Прејди на содржината

Окрузи во Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Окрузите во Шведска (швед. län = лено) се првостепени административни единици во Шведска. Во земјата има 21 округ. Воведени се во 1634 на иницијатива на грофот Аксел Оксенхерна со цел да ги заменат историските покраини (landskap). Границите на окрузите честопати ги следат покраинските граници, но Круната на многу наврати вршела мали поместувања за сопствени цели.

Постојат предлози Шведска да се подели на поголеми региони што ќе ги заменат сегашните окрузи, меѓутоа ова е сè уште предмет на спор и расправа.

Функција

[уреди | уреди извор]

Секој округ има окружен административен одбор (länsstyrelse) на чие чело стои управник (landshövding) како и окружен совет и неколку други управни организации.

Административниот одбор го назначува владата и има за целда ги усогласува локалните потреби со државните цели и да ги сообразува управните работи со државните политички цели на земјата.

Окружниот совет (landsting) пак, е регионален управен орган, т.е. политичко собрание на народни избраници што се задолжени за локалните работи на округот. Тука спаѓаат главно здравството, транспортот, образованието и културата.

На окружно ниво постојат и други административни органи, главните органи за внатрешни работи, вработување, социјално осигурување и шумарство.

По азбучен ред на службените кодови на окрузите.


Окрузите во Шведска

Споредба на окрузите и поранешните покраини во Шведска. Дебелите линии ги претставуваат окрузите, а обоените делови се покраините.

Секој округ се дели на општини (kommuner), чие постоење е делумно дискреција на локалната управа. Од 2004 во земјата има 290 општини, што значи просечно 13,8 општини по округ.

Предложени региони

[уреди | уреди извор]
Шест или девет нови административни региони.

Владата ја разгледува можноста за спојување на сегашните окрузи во 6 до 9 поголеми региони. Доколку замислата наиде на одобрение, оваа прераспоредба би требало да се случи во 2015 г.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Конечен извештај - Вовед Архивирано на 24 јуни 2008 г. (шведски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]