Никол Кидман
Никол Кидман ОА | |
---|---|
Кидман на Канскиот филмски фестивал | |
Роден(а) | Никол Мери Кидман 20 јуни 1967[1] Хонолулу, Хаваи, САД |
Државјанство | Австралиско, Американско |
Алма матер | Австралиски театар за млади |
Занимање | глумец, продуцент, пејач |
Активен период | 1983–денес |
Богатство | AUD $183 милиони (март 2015)[2][3] |
Сопружник | Том Круз (1990-2001) Кит Урбен (2006-денес ) |
Деца | 4 |
Родители | Ентони Кидман Џејнел |
Роднини | Антонија Кидман (сестра) |
Страница nicolekidmanofficial.com |
Никол Мери Кидман (англиски: Nicole Mary Kidman; родена на 20 јуни 1967) — австралиска глумица, добитничка на бројни награди како Оскар, Награда Еми, Награда на БАФТА, Награда „Златен глобус“ и Награда „Сребрена мечка за најдобра глумица“.
Никол Кидман е наградуван светски хуманитарец и е одбрана за Граѓанин на светот од страна на ООН и амбасадор на добра воља на УНИФЕМ и УНИЦЕФ. Во 2006 година била избрана за придружничка во поредокот на Австралија, најголемата државна чест во Австралија.[4] Истата година, таа исто така беше и најплатената глумица во филмската индустрија.[5]
Никол во филмската индустрија се пробила во 1989 со трилерот Мртво смирен. Нејзините изведби во филмовите Денови на грмотевицата, To Die For (1995), Мулен Руж (2001) и Часови (2002) и донеле голема слава. Во 2003, Кидман се здобила со ѕвезда на Холивудската улица на славни во Холивуд, Калифорнија. Таа е добро позната и по контровезниот брак со познатиот глумец Том Круз и по сегашниот брак со музичарот Кит Урбен. Бидејќи е родена во Хонолулу, Хаваи, но од родители Австралијанци, Кидман има двојно државјанство и од Австралија и од САД.[6]
Ран живот и семејство
[уреди | уреди извор]Кидман е родена во Хонолулу, Хаваи. Нејзиниот татко, д-р Ентони Дејвид Кидман бил биохемичар, психолог и автор.[7][8][9] Нејзината мајка, Џејнел Ен е инструкторка на медицински сестри, која исто така и ги уредува книгите на својот сопруг и била член на една австралиска група која се бори за правата на жената. Пред нејзиното раѓање, нејзиниот татко бил член - посетител на Националниот институт за Психијатрија во Вашингтон. Семејството на Кидман се вратило во Авcтралија кога таа имала четири години, и кога татко и преземал предавачко место на универзитетот за технологија во Сиднеј. Родителите на Кидман потоа се преселиле во Гринич, предградие на Северниот Брег на Сиднеј. Кидман има помлада сестра, Антонија Кидман, родена во 1970, која е новинарка и живее во близина на нејзините родители во Гринич.
Никол Кидман започнала да зема часови по балет на четиригодишна возраст. Учела на Државното основно училиштето Лејн Коув во нејзините рани години, а подоцна завршила во Норт Сиднеј, средно училиште за девојки. Откако завршила средно се запишала на Викторискиот колеџ за уметности во Мелбурн заедно со нејзината пријателка Наоми Вотс.
Кариера
[уреди | уреди извор]Рана кариера во Австралија (1983-1989)
[уреди | уреди извор]Прво филмско појавување на Кидман било во 1983, кога на петнаесетгодишна возраст се појавила во музичкиот спот на Пет Вилсон за песната „Bop Girl“. На крајот од годината таа обезбедила споредна улога во телевизиските серии "Потокот од пет милји" и пет филмски улоги, вклучувајќи ги "БМХ Разбојници" и "Божиќно Дрво" . За време на осумдесеттите, таа се појавила во неколку австралијански филмови и телевизиски серии, вклучувајќи ја и сапунската опера „Државна работа“ , мини сериите „Виетнам“ (1986) , „Градот Емералд“ (1988), и „Бангкок Хилтон“ (1989).
Пробив (1989-1995)
[уреди | уреди извор]Во 1989 година Кидман глумела во филмот „Мртво смирен“ на режисерот Филип Нојс, во улогата на Рае Инграм. На почетокот на 1990 година, Кидман постигнала голем успех и станала популарна во Австралија.
Важни успеси (1995-денес)
[уреди | уреди извор]Нејзиниот втор филм во 1995, „Да Се Умре За“ било сатирична комедија со што ја заработила нејзината издигнатост од страна на критичарите. Таа добила награда Златен Глобус, и пет други награди за најдобра глумица за нејзиното толкување на крвавата водителка Сузан Стоун Марето.
Таа го сретнала Том Круз на Денови на грмотевицата во 1999 година каде Кидман и Круз учествувале како брачна двојка во филмот "Очи Широко Затворени" во последниот филм на Стенли Кубрик. Кидман станува голема ѕвезда како и нејзиниот сопруг. Таа има две посвоени деца со Круз, Изабела Џеин, 14, и Конор, 12.
Во 2002 Кидман добила номинација на Оскарите за нејзината изведба во 2001 во музичкиот филм Мулен Руж, во кој таа ја глуми куртизаната Сатин наспроти Иван Мек Грегор. Според тоа Кидман ја добила нејзината втора награда Златен Глобус за најдобра глумица во "Мјузикал или Комедија". Истата година таа добила одлична улога во хорор филмот „Другите“. За време на снимањето на филмот "Мулен Руж" во Австралија, Кидман си го повредила коленото и како резултат на тоа Џоди Фостер морал да ја замени во филмот "Соба за Паника".
Наредната година Кидман добила важно издигнување за нејзината интерпретација како Вирџинија во Часови, во која добила Оскар за Најдобра Глумица, заедно со Златен Глобус и BAFTA Награда. Кидман била првата австралиска глумица која добила Оскар.
Во септември 2004 година во филмот Раѓање, 37 годишната глумица Кидман се вљубува во десет годишно момче (кој го глуми Камерон Брајт), кој настојув да ја убеди во повторното раѓање на нејзиниот сопруг. Спроти тоа, филмот бил номиниран за Златен Оскар на Венецијанскиот филмски фестивал.
И покрај критиките за неа и нејзиниот вокал, дуетот со Мек Грегор и песната Come What May бил голем хит во нејзината родна Австралија и се пласирал на високите списоци сè до појавувањето на нејзиниот следен дует со поп ѕвездата Роби Вилијамс, вклучувајќи ја Somethin Stupid во нејзиниот албум Swing When You're Winning во 2001 година.
Во 2015 година, Кидман била номинирана за британската награда „БАРФТА“, која се доделува за најлоши филмски и глумечки остварувања. Притоа, Кидман била номинирана за улогата на принцезата Грејс Кели.[10]
Филмографија
[уреди | уреди извор]Кино
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Оригинално име | Улога | Белешки |
---|---|---|---|---|
1983 | Бандата БМХ | BMX Bandits | Џуди | |
Bush Christmas | Хелен | |||
1985 | Wills & Burke | Џулија Матос | ||
1986 | Windrider | Џејд | ||
1987 | Watch the Shadows Dance | Ејми Гејбрил | ||
The Bit Part | Мери Макалистер | |||
1988 | Emerald City | Хелен | ||
1989 | Мртво смирен | Dead Calm | Ри Инграм |
|
1990 | Денови на грмотевицата | Days of Thunder | доктор Клер Левики | |
1991 | Флертување | Flirting | Никола | |
Били Батгејт | Billy Bathgate | Дру Престон |
| |
1992 | Далечна земја | Far and Away | Шенон Кристи | |
1993 | Злобна мисла | Malice | Трејси Кенсинџер | |
Мојот живот | My Life | Гејл Џонс | ||
1995 | Да се умре за... | To Die For | Сузан Стоун Марето |
|
Бетмен засекогаш | Batman Forever | доктор Чејс Меридијан | ||
1996 | Портрет на една дама | The Portrait of a Lady | Изабел Арчер | |
1997 | Миротворец | The Peacemaker | доктор Џулија Кели | |
1998 | Практична магија | Practical Magic | Џулиен Овенс | |
1999 | Очи широко затворени | Eyes Wide Shut | Алис Хартфорд |
|
2001 | Мулен Руж | Moulin Rouge! | Сатин |
|
Другите | The Others | Грејс Стјуарт |
| |
Од Русија со љубов | Birthday Girl | Софија / Надја | ||
2002 | Часови | The Hours | Вирџинија Вулф |
|
2003 | Догвил | Dogville | Грејс Маргарет Мелиган | |
Човечка дамка | The Human Stain | Фаунија Фарли | ||
Студена планина | Cold Mountain | Ејда Монро |
| |
2004 | Степфордски сопруги | The Stepford Wives | Џоана Еберхарт | |
Пораѓање | Birth | Ана |
| |
2005 | Преведувач | The Interpreter | Силија Брум | |
Маѓепсување | Bewitched | Изабел Биглоу/Саманта | ||
2006 | Козина | Fur | Дајан Арбус | |
Весели стапала | Happy Feet | Норма Џејн (глас) | анимиран филм | |
Бог се измори од нас | God Grew Tired of Us | (раскажувач) | документарен филм | |
2007 | Инвазија | The Invasion | доктор Карол Бенел | |
Марго на свадбата | Margot at the Wedding | Марго |
| |
Златниот компас | The Golden Compass | Мариса Колтер | ||
2008 | Австралија | Australia | Сара Ешли | |
2009 | Девет | Nine | Клаудија Џенсон | |
2010 | Зајачка дупка | Rabbit Hole | Бека Корбет | продуцент
|
2011 | Жена на заем | Just Go with It | Девлин Адамс | |
Монте Карло | Monte Carlo | продуцент | ||
Премин | Trespass | Сара | ||
2012 | Весникар | The Paperboy | Шарлот Блес |
|
2013 | Стокер | Stoker | Евелин Стокер |
|
Железничарот | The Railway Man | Пети | ||
2014 | Грејс од Монако | Grace of Monaco | Грејс Кели | |
Пред да заспијам | Before I Go to Sleep | Кристин Лукас | ||
Падингтoн | Paddington | Милисент | ||
2015 | Пустинска кралица | Queen of the Desert | Гертруд Бел | |
Земја на странци | Strangerland | Катрин Паркер | ||
Семејството Фенг | The Family Fang | Ани Фенг | ||
Тајната во нивните очи | Secret in Their Eyes | Клер | ||
2016 | Гениј | Genius | Алин Бернштајн | |
2016 | Лав | Lion | Сју Брајарли | |
2017 | Како да разговарате со девојки на забави | How to Talk to Girls at Parties | Боудисија | |
2017 | Убиството на светиот елен | The Killing of a Sacred Deer | ||
2017 | Измамени | Beguiled | госпоѓица Марта | |
2017 | The Upside |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Monitor“. Entertainment Weekly (1264). 21 June 2013. стр. 26.
- ↑ Fitzsimmons, Caitlin (8 March 2015). „The 30 richest self-made women in Australia“. BRW. Посетено на 27 October 2015.
- ↑ „Bridges among Australia's richest women“. Sky News Australia. 8 March 2015. Архивирано од изворникот на 16 October 2015. Посетено на 27 October 2015.
- ↑ Stafford, Annabel: Kidman and the Kennedys honoured for their service, The Age, 14 април 2007.
- ↑ msnbc (30 ноември 2006). „Nicole Kidman highest paid female actor in film industry“. msnbc.
- ↑ „Nicole Kidman: 'Back to my core', 'Birthday Girl' is 'about the "unlikeness" of two people'“. CNN. 18 јануари 2002. Архивирано од изворникот на 2006-04-27. Посетено на 2008-05-27.
- ↑ Keneally, Tom (1992-05-24). „FILM; Nicole Kidman, From Down Under to 'Far and Away'“. The New York Times. Посетено на 2007-12-09.
- ↑ Thomson, David (2006). Nicole Kidman. Knopf. ISBN 1-4000-4273-9.
- ↑ Ancestry of Nicole Kidman
- ↑ „Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4715, петок, 20 февруари 2015, стр. 28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Никол Кидман на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Запис Q37459 во базата на Википодатоци ? |
- Никол Кидман на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Nicole Kidman на TCM Movie Database
- Никол Кидман — Internet Broadway Database (англиски)
- Никол Кидман на Curlie (англиски)
- Никол Кидман — AllMovie (англиски)
- Никол Кидман на People.com (англиски)
- Nicole Kidman's charity work
- „Биографија“ Архивирано на 5 декември 2008 г.
- „Филмови на Кидман“
- „Музичката кариера на Никол Кидман“
|