Натриум цијанид
Назнаки | |
---|---|
143-33-9 | |
ChEMBL | ChEMBL1644697 |
ChemSpider | 8587 |
EC-број | 205-599-4 |
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
PubChem | 8929 |
RTECS-бр. | VZ7525000 |
| |
UNII | O5DDB9Z95G |
ОН-бр. | 1689 |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | бела цврста супстанца |
Мирис | мирис на горчлив бадем |
Густина | 1.5955 g/cm3 |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
48.15 g/100 mL (10 °C) 63.7 g/100 mL (25 °C) | |
Растворливост | растворлив во амонијак, метатнол, етанол делумно растворлив во диметилформамид, SO2 нерастворлив во диметил сулфоксид |
Показател на прекршување (nD) | 1.452 |
Термохемија | |
Стандардна моларна ентропија S |
115.6 J·mol−1·K−1 |
Специфичен топлински капацитет, C | 70.4 J·mol−1·K−1 |
Опасност | |
GHS-ознаки: | |
Пиктограми
|
|
NFPA 704 | |
Температура на запалување | Non-flammable |
Смртоносна доза или концентрација: | |
LD50 (средна доза)
|
6.44 mg/kg (глушец, орално) 4 mg/kg (офца, ораллно) 15 mg/kg (цицач, ораллно) 8 mg/kg (глушец, орално)[2] |
NIOSH (здравствени граници во САД): | |
PEL (дозволива)
|
TWA 5 mg/m3[1] |
REL (препорачана)
|
C 5 mg/m3 (4.7 ppm) [10-minute][1] |
IDLH (непосредна опасност)
|
25 mg/m3 (as CN)[1] |
Безбедносен лист | ICSC 1118 |
Слични супстанци | |
Други катјони | Калиум цијанид |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Натриум цијанид — отровно соединение со формула NaCN. Тоа е бела, растворлива во вода цврста супстанца. Цијанидот има висок афинитет за метали, што доведува до висока токсичност на оваа сол. Неговата главна примена, во ископувањето злато, исто така ја користи високата реактивност кон металите. Тоа е умерено силна база.
Производство и хемиски својства
[уреди | уреди извор]SНатриум цијанид се произведува со третирање на цијановодород со натриум хидроксид:[3]
- HCN + NaOH → NaCN + H2O
Светското производство беше проценето на 500.000 тони во 2006 година. Порано беше подготвен со Кастнеровиот процес кој вклучува реакција на натриум амид со јаглерод на покачени температури.
- NaNH2 + C → NaCN + H2
Структурата на цврстиот NaCN е слична со онаа на натриум хлоридот.[4] Анјоните и катјоните се секој од шест координати. Калиум цијанид (KCN) покажува слична структура.[5]
Кога се третира со киселина, тој формира токсичен гас цијановодород:
- NaCN + H+ → HCN + Na+
Бидејќи солта е добиена од слаба киселина, натриум цијанидот лесно се враќа во HCN со хидролиза; влажната цврста супстанца од оваа сол испушта мали количества цијановодород, за кој се смета дека мириса на горчлив бадем (не секој може да го мириса - способност да се помириса се должи на одредена генетска одлика кај индивидуата). Натриум цијанид брзо реагира со силни киселини и ослободува цијановодород. Овој опасен процес претставува значителен ризик поврзан со цијанидните соли. Најефикасно се детоксицира со водород пероксид (H2O2) за да се произведе натриум цијанат (NaOCN) и вода:[3]
- NaCN + H2O2 → NaOCN + H2O
Употреба
[уреди | уреди извор]Ископување со цијанид
[уреди | уреди извор]Цијанидирањето на златото (исто така познато како цијаниден процес) е доминантна техника за екстракција на злато, од кој голем дел се добива од руда со низок степен на злато. За таа цел се користи повеќе од 70% од потрошувачката на цијанид на глобално ниво. Употребата го искористува високиот афинитет на злато(I) за цијанид, кој го поттикнува златниот метал да се оксидира и раствора во присуство на воздух (кислород) и вода, создавајќи сол натриум дицијаноаурат:[3]
- 4 Au + 8 NaCN + O2 + 2 H2O → 4 Na[Au(CN)2] + 4 NaOH
За цличен процес се користи и калиум цијанид (KCN, близок роднина на натриум цијанид), за производство на калиум дицијаноаурат (KAu(CN)2).
Хемиска суровина
[уреди | уреди извор]Неколку комерцијално значајни хемиски соединенија се добиени од цијанид, вклучувајќи цијанурид хлорид, цијаноген хлорид и многу нитрили. Во органската синтеза, цијанидот, кој е класифициран како силен нуклеофил, се користи за подготовка на нитрили, кои се наоѓаат нашироко во многу хемикалии, вклучително и фармацевтски производи. Илустрирана е синтезата на бензил цијанид со реакција на бензил хлорид и натриум цијанид.[6]
Употреба
[уреди | уреди извор]Бидејќи е многу токсичен, натриум цијанидот се користи за брзо убивање или зашеметување, како на пример при собирање инсекти во тегли што ги користат ентомолозите и во нелегален риболов со цијанид.
Токсичност
[уреди | уреди извор]Натриум цијанидот, како и другите растворливи цијанидни соли, е меѓу најбрзо делувачките од сите познати отрови. NaCN е моќен инхибитор на дишењето, кој делува на митохондријалната цитохром оксидаза и оттука го блокира транспортот на електрони. Ова резултира со намален оксидативен метаболизам и искористување на кислородот. Потоа се јавува млечна ацидоза како последица на анаеробен метаболизам. Орална доза од 200–300 mg може да биде фатална.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Џебен водич за опасните хемиски материи #0562“. Национален институт за безбедност и здравје при работа (NIOSH). (англиски)
- ↑ „Cyanides (as CN)“. Immediately Dangerous to Life and Health. National Institute for Occupational Safety and Health (NIOSH).
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Wells, A.F. (1984) Structural Inorganic Chemistry, Oxford: Clarendon Press. ISBN 0-19-855370-6.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Institut national de recherche et de sécurité (INRS), "Cyanure de sodium. Cyanure de potassium", Fiche toxicologique n° 111, Paris, 2006, 6 pp. (PDF file, in French)
- International Chemical Safety Card 1118
- Hydrogen cyanide and cyanides (CICAD 61)
- National Pollutant Inventory - Cyanide compounds fact sheet
- NIOSH Pocket Guide to Chemical Hazards
- CID {{{1}}} од PubChem
- CSST (Canada)
- Sodium cyanide hazards to fish and other wildlife from gold
|
|
|