Прејди на содржината

Лурд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лурд, Франција
Lourdes  (француски)
Општина
Лурд со светилиштето посветено на Пресвета Богородица
Лурд со светилиштето посветено на Пресвета Богородица
Грб на Лурд, Франција
ЗемјаФранција
РегионЈуг-Пиринеи
ДепартманГорни Пиринеи
ОкругArgelès-Gazost
Површина136,94 км2 (1,426 ми2)
Население (2019)213.132
 • Густина3,6/км2 (9,2/ми2)
INSEE/Пошт. бр.65286 / 65100
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Лурд (француски: Lourdes; окситански: Lorda) е град сместен на Пиринеите. Тој е дел од департманот Горни Пиринеи во регионот Окситанија во југозападна Франција. [1] До средината на 19 век, градот бил најпознат по Фор де Лурд, утврден замок што се издига од карпестиот гребен во неговиот центар.

Од 1858 г, Лурд е најпознат по појавувањата на Дева Марија кои (според нејзино тврдење) ги видела селанката Бернадет Субиру, која подоцна била канонизирана. Набргу потоа Лурд со своето светилиште посветено на Пресвета Богородица станал едно од најважните светски места за поклонение и верски туризам.

Појавувања и поклонение

[уреди | уреди извор]
Статуа на Пресвета Богородица Лурдска

Според верниците, Дева Марија ѝ се појавила на Марија Бернадет Субиру (на нејзиниот мајчин окситански јазик) вкупно осумнаесет пати во Лурд (Лорда на нејзиниот локален окситански јазик). Лурд станал главно место за римокатоличкио поклонение и чудотворни исцелувања.

Денес Лурд има население од околу 15.000, но секоја сезона може да прими околу 5.000.000 поклоненици и туристи. Во Лурд има околу 270 хотели, и по Париз има најмногу хотели на квадратен километар во Франција.[2]

Вечерта на 11 февруари 1858 година, младата Бернадет заедно со сестра ѝ и уште една другарка отишла да собере дрва за огрев, и кај пештерата Масабиел ѝ се појавила жена која била неопишливо убава. Иако жената, откако ја прашала не ѝ се претставила на Бернадета, но ѝ рекла да се врати кај пештерата. При следните посети, жената открила дека е „Безгрешното зачнување“. Ова се однесувало на догмата за Безгрешното зачнување, дефинирана од папата Пиј IX пред само четири години во 1854 година , во која се наведува дека самата Дева Марија била зачната без грев. Бернадет, која имала само основно познавање од католичката вера, не разбрала што значи тоа, но му го пренесла тоа на парохискиот свештеник, отец Пејремал. Тој, иако прво бил многу скептичен за тврдењата на Бернадета, кога го слушнал ова бил уверен во вистинитоста бидејќи знаел дека младата девојка не знае за доктрината. Богородица ѝ кажала на Бернадета каде да копа и ја советувала да пие од изворската вода која протекла таму. Веднаш се испоставило дека водата е лековита. Денес во изворот се капат аџиите. Забележани се многу наводни чудотворни својства на водата, како лек за нервни нарушувања и рак до помош во случаи на парализа, па дури и на слепило.[3]

  1. INSEE commune file
  2. „Lourdes - The Skeptic's Dictionary“. Skepdic.com. Посетено на 2011-09-15.
  3. „Rosarium Virginis Mariae on the Most Holy Rosary (October 16, 2002) - John Paul II“. w2.vatican.va.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]