Лис
Лис Lys / Leie | |
---|---|
Лис (Лаје) во Гент | |
Местоположба | |
Земји | Белгија, Франција |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Па де Кале |
• надм. вис. | 115 м |
Устие | |
• место | Шелда |
• координати | 51°3′18″N 3°44′3″E / 51.05500° СГШ; 3.73417° ИГД |
Должина | 202 км |
Особености на сливот | |
Течение | Шелда→ Северно Море |
Лис (француски: Lys) или Лаје (холандски и германски: Leie) — река во Франција и Белгија, северозападна Европа. Извира во Па де Кале, северна Франција и се влева во Шелда како нејзина лева притока кај Гент, Белгија. Вкупната должина изнесува 202 км.
Во минатото реката била многу загадена поради населеноста на поречието и индустријализацијата во северна Франција и Белгија. Во поново време водата квалитетот на водата е значително подобрена, делумно поради затворањето на ткајачниците и погоните за преработка на лен. Подрачјето помеѓу Дејнзе и Гент било омилено место за сликарите во првата половина на XX век.
Реката извира кај селото Лисбур источно од Фриж во Па де Кале, Франција. Тече во североисточен правец и минува низ следниве департмани во Франција (Ф) и покраини во Белгија (Б) со нивните градови и општини:
- Па де Кале (Ф): Теруан, Ер на Лис
- Север (Ф): Мервил, Армантје, Алиен
- Ено (Б): Комин-Варнетон
- Западна Фландрија (Б): Менен, Вевелгем, Кортрајк, Варегем, Вервик
- Источна Фландрија (Б): Зулте, Дејнзе, Гент
Поважни притоки на Лис (по низводен редослед) се реките Лакет, Кларанс, Лаве, Дел, Гавербек, Хеуле и Мандел.
На реката се одиграле три битки помеѓу сојузничките сили и германската војска. Во Првата светска војна во 1918 г. војските тука се судриле во првата Битка кај Лис во рамките на Пролетната офанзива на Германија, а подоцна истата година дошло до втор судир на истото место, овојпат во Стодневната офанзива на сојузниците. Во 1940 г. за време на Втора светска војна се одиграла уште една битка кај Лис, кога германската војска напредувала во Фландрија упатена кон протокот Ламанш.
Историја
[уреди | уреди извор]По реката се одвивала стопанска пловидба уште од средниот век, но првите зафати за уредување на коритото почнале во 1670 г. поради страшните поплави. Висинската разлика од 9 м меѓу Ер на Лис и државната граница постепено е надмината со помош на шест преводници и јазови, завршени во 1780 г. По реката се одвивал густ сообраќај на товарни пловила кои носеле жито и ткаенини во Гент и Антверпен. Околу 1825 г. правото на пловидба е дадено под закуп на превозно претпријатие, а преводниците се проширени на 5,2 , а продлабочени на 1,6 м. Во декември 1899 г. на Лис се случила голема несреќа кога преку мразот пропаднале и се удавиле 40 ученици кои лизгале по замрзнатата река во Фреленгјан.[1]
Денешната длабочина на реката се должи на програмот на Фресине. Почнувајќи од 1930 г. потегот под Армантје е проширен на III класа, а од 1960 г. пограничниот дел е доработен до класа Va. Погорните делови се достапни исклучиво за рекреативни пловила и се наталожени со доста мил.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Terrible Disaster“. Green Bay, Wisconsin: Green Bay Semi-Weekly Gazette. 27 December 1899. стр. 1. Посетено на 15 July 2017 – преку newspapers.com.
- ↑ Edwards-May, David (2010). Inland Waterways of Francea. St Ives, Cambs., UK: Imray Ltd. стр. 127–129. ISBN 978-1-846230-14-1.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лис“ на Ризницата ? |
- Лис (Лаје) на базата „Сандр“
- Речниот слив на Лис во Фландрија
- Туристички портал на поречието на Лаје (англиски)
|