Прејди на содржината

Констанциј II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константиј II
Роден 7 август 317 година
Сирмиум (Сремска Митровица)
Починал 3 ноември 361 година
Киликија

Флавиј Јулиј Констанциј (лат. Flavius Julius Constantius[3]), (7 август 317- 3 ноември 361 год.) е византиски цар, вториот син на Константин Велики и Фауста. Во 324 година е прогласен за цезар[4] . Во 337 година империјата е поделена и тој е прогласен за управник на Азија и Египет, или истокот на империјата. Пред таа поделба ги убил сите машки наследници од вториот брак на татко му со Теодора, оставајќи ги браќата Константин II,Констанс I и братучедите Гал и Јулијан. По смртта на неговиот брат Констанс I, 350 година, Константиј прогласил Гал за цезар на западот.

На исток започнала тешка борба со персите од Сасанидското Царство под водството на Шапур II[5]. Во тие борби Констанциј не бил доволно енергичен[5][6], кои главно биле за месопотамските тврдини. За среќа на римјаните, персите била нападнати од хионитите. Сите борби завршиле лошо за римјаните, најповеќе таа кај Сингара, каде поради лошата дисциплина на војската испуштиле речиси добиена победа. 350 година генералот Ветраниј се прогласил за цар. При средбата на двете војски кај Сердика, Константиј со силата на своите зборови ја натерал целата војска на противникот да премине на негова страна. Ветраниј бил разрешен, но од почит кон неговата возраст оставен жив.[7]

Дури во 351 година го победил узурпаторот Магнетиј во Битката кај Мурса[8][9][10][11]. Победен наново во 353 година Магнетиј извршил самоубиство, а нешто по тоа Константиј го убил и Гал. На тој начин станал господар на целата Римското Царство. Се јавиле нови проблеми на границата со германските племина и бидејќи зафатен со војната на исток, го прогласил Јулијан за цезар, кој успеал да ги порази напаѓачите. 358 година започнала војна со сарматите. Есента, кога Дунав бил полн, римјаните ја преминале реката и нападнале на противникот. Сарматите биле поразени и побегнале, а по нив биле поразени и квадите, кои им дошле на помош. Накрај биле растурени и лимигантите. Со тоа била заштитена дунавската граница и запрена наездата на барбарски племиња.[12]

Во наредната година наново започнала војната со персите и Констанциј се преместил во Цариград, за да биде поблизу до борбите. Во 360 година дознал дека германските легиони го прогласиле Јулијан за цар. Константиј се нашол во тешка состојба, зашто не можел да го прекине подготвуваниот поход против персите и преку Ерменија навлегол во Месопотамија. Римјаните опсадиле Безабда, но никако не успеале да го заземат градот и по неуспехот се повлекле во Антиохија. Есента на 361 година персите се повлекле и Константиј се кренал на војна со Јулијан. Но по патот се разболел и малку пред да умре прогласил Јулијан за негов наследник.[13][14][15]

Религија

[уреди | уреди извор]

Неговот владеење било триумф за аријанството[16]. Смртта на Констанс I оставила православното христијанство без заштитник и Константиј слободно ги покажал своите симпатиј кон арианството. На црковниот собор во Милано 356 година, св. Атанасиј бил избркан од Александрија. Во тоа време црквата се наоѓала речиси во состојбаа ѓраѓанска војна. Наедно со тоа Константиј ги бркал и паганските култови, забранувајќи ги жртвувањата.

  1. Koçak, Mustafa; Kreikenbom, Detlev (2022). Sculptures from Roman Syria II: The Greek, Roman and Byzantine Marble Statuary. Walter de Gruyter. стр. 213–215. ISBN 978-3-11-071152-3.
  2. "Statue". Penn Museum
  3. CIL 06, 40776 = AE 1934, 00158 = AE 1950, 00174 = AE 1951, 00102 = AE 1982, 00011
  4. Jones, Martindale & Morris, стр. 226.
  5. 5,0 5,1 Dodgeon, Greatrex & Lieu, стр. 152-153.
  6. Julian, Orationes I, 13B
  7. Zosimus, New History II.59
  8. Zonaras, Extracts of History XIII.8.5–13
  9. Julian the Apostate, The Caesars XLII.9–10
  10. Zosimus, New History II.46.2
  11. Eutropius, Roman History X.12
  12. Potter 2004, стр. 474.
  13. Vagi 2001, стр. 508.
  14. Hunt, David (1998), "Julian", The Cambridge Ancient History, vol. XIII: the Late Empire AD 337–425, Cambridge: University Press p.60
  15. Matthews, J. (1989). The Roman Empire of Ammianus. Johns Hopkins University Press. p.101
  16. Jones 1964, стр. 118.