Кинеска митологија
Кинеска митологија (пинјин:shénhuà, мандарински: 中國神話) опфаќа митови кои во кинеската традиција се пренесени писмено, усно и низ уметност. Митологијата е во врска со полубожествени и божествени суштества, чија вистинитост не е можно да се провери. Кинеската митологија се однесува на митовите кои настанале на територија на Кина, а нејзини најчести теми се однесуваат на постанокот на кинескиот свет и култура, како и силата на природата во однос на човекот. Бидејќи митовите зборуваат за натприродни настани, јазикот со кој се раскажани изобилува со хиперболи, метафори и апсурд. Со оглед на тоа дека се врзува за некој народ или за историја, митот од една страна е историска, а од друга страна е митолошка приказна и тоа ја разликува од останатите. Први спомнувања за кинеската митологија датираат од 12 век пред новата ера и се во врска со записите на проречените коски. Митовите усно се пренесувале илјада години додека конечно не биле запишани.
Во Кина исто така започнале многу други митолошки традиции, вклучувајќи ги тибетска митологија, турска митологија, корејска митологија, и други. Заедно со кинескиот фолклор, кинеската митологија е дел од кинеската народна религија.
Три најпознати кинески митски школи се: суанје, хуентјен и тјенгај џоубеј.
Создавање на светот
[уреди | уреди извор]Како и повеќето митологии, и овде постојат митови за создавањето на светот, луѓето и животните, со објаснувања за природата. Најопширен е митот поврзан со Пангу, првото живо суштество.
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |