Прејди на содржината

Кеплер-47

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кеплер-47
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 41м &1000000000011498500000011,4985с[1]
Деклинација +46° 55′ &1000000000001370500000013,705″[1]
Прив. величина (V) 15,4[2]
Особености
Развојна фаза Главна низа
Спектрален тип G6V / M4V
Астрометрија
Сопствено движење (μ) Рект: −3,494 ± 0,057[1] млс/г
Дек.: −10,065 ± 0,055[1] млс/г
Паралакса (π)0.9476 ± 0.0289[1] млс
Оддалеченост3.400 ± 100 сг
(1.060 ± 30 пс)
Орбита
ГлавнаКеплер-47A
ПридружникКеплер-47B
Период (P)7,44837695 ± 0,00000021 days
Голема полуоска (a)0,0836 ± 0,0014 ае
Занесеност (e)0,0234 ± 0,001
Наклон (i)89,34 ± 0,12°
Аргумент на перицентарот (ω)
(споредна)
212,3 ± 4,4°
Податоци [3][4]
Кеплер-47A
Маса1,043 ± 0,055[3] M
Полупречник0,964 ± 0,017[3] R
Површ. грав. (log g)4,42 ± 0,1[3]
Сјајност0,840 ± 0,067[3] L
Температура5.636 ± 100[3] K
Вртежна брзина (v sin i)4,1+0,5
−0,35
км/с
Старост4–5 Гг.
Кеплер-47B
Маса0,362 ± 0,013[3] M
Полупречник0,3506 ± 0,0063[3] R
Сјајност0,014 ± 0,002[3] L
Температура3.357 ± 100[3] K
Старост4–5 Гг.
Други ознаки
2MASS J19411149+4655136, KOI-3154, KIC 10020423
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Кеплер-47двоен систем во кој се забележани три вонсончеви планети во орбита околу пар ѕвезди на растојание од 3.400 светлосни години од Земјата.[1][3][5] Првите две откриени планети се именувани Кеплер-47b и Кеплер-47c. Кеплер-47 е првиот планетарен систем околу двојна ѕвезда забележан од вселенското летало Кеплер.[4] Најоддалечената од планетите е гасовит џин во орбита во животопогодниот појас околу ѕвездите.[6] Бидејќи поголемиот дел од ѕвездите се двојни,[7] забележувањето на повеќепланетарни системи кај овие ѕвезди ги изменило теориите за создавањето на планетите.[4][5]

Група на астрономи предводена од Џером Орож при Сандиешкиот државен универзитет, вклучувајќи и астрономи од Телавишкиот универзитет во Израел, го забележале планетарниот систем користејќи ги податоците од вселенското летало Кеплер дел од програмите на НАСА во 2012 година.[8] Во ноември 2013 година, објавени се доказите за постоење на трета планета во орбита меѓу планетите b и c, наречена Кеплер-47d.[9] Подоцнежните анализи на податоците од вселенското летало го потврдиле постоењето на Кеплер-47d.[10]

Номенклатура

[уреди | уреди извор]
Вселенското летало Кеплер и неговата мета за потрага во Млечниот Пат.

Пред да биде набљудуван од Кеплер, Кеплер-47 имаше 2MASS каталошки број 2MASS J19411149+4655136. Во Внесниот каталог на Кеплер ја има ознаката KIC 10020423, а кога беше откриено дека е кандидат со планети ја доби ознаката занимливо Кеплерово тело со број KOI-3154.[3]

Кандидатите за планети биле забележани од вселенското летало Кеплер дел од мисиите на НАСА, со цел да се откријат планети во премин околу матичните ѕвезди.[11] Методот кој го користи мисијата Кеплер вклучува забележување на намалувањето на светлината кај ѕвездите.[11] Овие падови во сјајноста може да се протолкуваат како планети чии орбити минуваат пред нивните матични ѕвезди гледано од Земјата, иако постои можност и други појави да бидат причина за падот на сјајноста, па од оваа причина се користи поимот планетарен кандидат.[11][12] По одобрувањето на трудот за откритието, ејипата поврзана со Кеплер дала дополнителни податоци за системот „Кеплер-47“.[13] Откривачите ја именувале ѕвездата Кеплер-47, што била воспоставен процедура за именувањето на вонсончевите планети откриени од страна на самата мисија.[3] Па така, ова е името користено од јавноста за именување на системот и неговите планети.

Планетарните кандидати кои се дел од ѕвездите цел на мисијата Кеплер се означуваат со ознаките „.01“, „.02“, „.03“ итн.. по името на ѕвездата, по редослед на забележување.[14] Ако планетарните кандидати се забележани едновремено, подредувањето следи по редоследот на орбиталните периоди од најкусиот кон најдолгиот орбитален период.[14] Следејќи ги овие правила, биле забележани два планетарни кандидати, со орбитални периоди од 49,51 и 303,158 денови.[3]

Ознаките b, c и d се изведени по редоследот на откривање. Ознаката b ја добива првата планета на матичната ѕвезда, а d најдалечната.[15] Во случајот на Кеплер-47, биле првично забеележани две планети, па во употреба биле буквите b и c'. Третата планета, иако е втора по далечина во системот Кеплер-47, била потврдена подоцна и ја добила ознаката d, бидејќи била забележана по планетите b и c.[9]

Ѕвездени одлики

[уреди | уреди извор]

Кеплер-47 е двоен ѕвезден систем составен од жолто џуџе (Кеплер-47A) и црвено џуџе (Kepler-47B). Ѕвездите се во орбита една околу друга во заедничкото тежиште меѓу нив, правејќи една орбита на секои 7,45 денови.[3] Тие се на меѓусебно растојание од 0,084 ае.[3] Ѕвездите имаат маса 104% и 35% од масата на Сонцето, и 96% и 35% од Сончевиот полупречник.[3] Нивните површински температури се 5.636 K и 3.357 K.[3] Врз основа на ѕвездените одлики и орбиталната динамика, веројатно ситемот е со старост од 4–5 милијарди години.[3] За споредба, Сонцето е со старост од околу 4,6 милијарди години[16] и има површинска температура од 5.778 K.[17]

Првичната ѕвезда е со слаба металичност ([Fe/H]) од околу –0.25, или 56% од количеството на железо и други потешки елементи забележани во Сонцето.[3] И двете сјајности на ѕвездите се впообичаени за тој вид на ѕвезди, со сјајности од околу 84% и 1% од онаа на Сонцето.[3]

Привидната величина на ѕвездениот систем, или колку е сјаен гледано од Земјата, е 15,4.[2] Ова значи дека истиот не може да се забележи со човековото око, кое може да забележи тела со величина помала од 6.[18]

Планетарен систем

[уреди | уреди извор]
Орбитален дијаграм на системот Кеплер-47. Најоддалечената планета е Кеплер-47c, додека пак највнатрешната планета е Кеплер-47b. Најголемата планета, Кеплер-47d, е во орбита меѓу Кеплер-47 b и c.

Пред откривањето на планетарниот систем околу Кеплер-47 од страна на Џером Орож и неговите колеги во 2012 година, се веруваше дека не е можно да постојат повеќепланетарни системи околу двојни ѕвезди.[4][5] Се верувало дека гравитациските растројувања предизвикани од орбитирањето на матичните ѕвезди же предизвикаат планетите да се судрат една со друга или пак ќе бидат исфрлени од орбита, во самите ѕвезди или пак надвор од системот.[5] Сепак, ова откритие укажува дека е можно да се забележат повеќе планети околу двојните ѕвезди, па дури и во нивниот животопогоден појас;[5] иако планетите во системот Кеплер-47 не се животопогодни, други планети во други двојно ѕвездени системи можно е да се животопогодни.[4]

За системот се знае дека е домаќин на три планети, сите во блиска орбита и се поголеми од Семјата, и се без цврста површина.[19] Трите планети во системот Кеплер-47 имаат мала густина, помала од онаа на Сатурн.[20][21] За густините на планетите се проценува дека се од 0,26 г/см3 до 0,68 г/см3.[19] Малите густини се невообичаени за планетите порафи релативно благите температури, планетите со вакви густини се вообичаено жешки Јупитери кои се во блиска орбита на матичната ѕвезда, и се наречени пуфкасти планети.[20][21] Овој вид на планети се сметаат за ретки поради нивната мала густина и релативно благи температури.[20]

Планетарен систем Кеплер-47[3][19][22]
Придружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(денови)
Занесеност Наклон Полупречник
b 8,427 ± 0,62 M 0,2956 ± 0,0047 49.51 ± 0.04 <0,035 89,59 ± 0,5° 3,03 ± 0,12 R
d 19,017+−11,695
23,803
 M
0,6992 ± 0,0033 187,35 ± 0,15 0,024+−0,017
0,025
≈90° 7,04+−0,49
0,66
 R
c 23,17 ± 1,97 M 0,989 ± 0,016 303,158 ± 0,072 <0,411 89,825 ± 0,010° 4,61 ±  0,20 R
Уметнички приказ на релативните големини на трите планети во системот Кеплер-47. Лево и десно се планетите Кеплер-47b и Кеплер-47c додека пак големата планета во средината е Кеплер-47d.

Кеплер-47b е суперземја и највнатрешната планета во системот Кеплер-47. Се наоѓа во близина на матичните ѕвезди, на растојание од 0,2956 ае.[3][19] Прави една орбита на секои 49,5 денови.[4]Рамнотежната температура на Кеплер-47b е 169 °C (336 °F), што значи дека е не се животопогодни.[20] Поради високата рамнотежна температура на Кеплер-47b, метанот во атмосферата ќе се распадне на составните составници, што ќе доведе планетата да има дебела заматена атмосферска обвивка.[4] Таа е најмалата планета во системот Кеплер-47, со полупречник 3,1 пати од полупречникот на Земјата.[20]

Второоткриената планета, Кеплер-47c, е планета слична на Нептун и е најодалечената планета, во орбита на растојание од 0,989 ае, скоро на растојание како што е Земјата од Сонцето.[4] Прави една орбита на секои 303,16 денови.[4] Кеплер-47c е во животопогодниот појас, со рамнотежна температура од −32 °C (−26 °F).[4][20] Полупречникот на Кеплер-47c е 4,7 пати поголем од оној на Земјата, и е споредлива по големина со Нептун.[4][20] Иако се претпоставува дека Кеплер-47c не може да поддржува живот,[5] можно е да поседува густа атмосфера од водена пареа.[4]

Најновооткриената планета во системот, кеплер-47d, и нејзиното откритие се објавени во ноември 2013 година од страна од страна на астрономот Џером Орож и неговите колеги од Сандиешкиот државен универзитет.[9][20] Од добиените податоци при преминот за системот Кеплер-47 од страна на вселенското летало Кеплер, екипата на Орож забележала еден „сиротичен“ сигнал кој траел 4,15 часа,[3][23] и не припаѓал на претходно познатите планети.[9][20] Поради лсабиот сигнал на премин на Кеплер-47d, не била претходно забележана во текот на 2012 година.[19][20] OЗабележан е само еден значителен премин на Кеплер-47d,[23] па потребно било да се случи уште еден премин за да се потврди присуството на планетата.[10] Од динамичките модели, орбитата на Кеплер-47d со текот на времето имала прецесија, што доведува до период од четири години при кој нема премини пред матичните ѕвезди.[3][9] Подоцнежните испитувања на системот Кеплер-47 доведуваат до потврдување на постоењето на Кеплер-47d, и конечно планетата е потврдена во април 2019 година.[10] Откривањето на Кеплер-47d било неочекува но за екипата на Орож, бидејќи очекувале да најдат дополнителни планети но на поголеми растојанија.[20][21] Кеплер-47d е најголемата планета во системот Кеплер-47, со големина 7 пати од онаа на Земјата.[19][21] Во орбита е меѓу планетите Кеплер-47b и c на растојание од 0,7 ае,[4] правејќи една орбита на секои 187,35 денови.[22] Најзината рамнотежна температура изнесува 10 °C (50 °F).[20]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Gaia Data Release 2 Vizier catalog entry
  2. 2,0 2,1 „UCAC4 685-070595“. VizieR. 2012. Посетено на 16 April 2019.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 3,22 3,23 3,24 Orosz, Jerome A.; Welsh, William F.; Carter, Joshua A.; Fabrycky, Daniel C.; Cochran, William D.; Endl, Michael; Ford, Eric B.; Haghighipour, Nader; MacQueen, Phillip J.; Mazeh, Tsevi; Sanchis-Ojeda, Roberto; Short, Donald R.; Torres, Guillermo; Agol, Eric; Buchhave, Lars A.; Doyle, Laurance R.; Isaacson, Howard; Lissauer, Jack J.; Marcy, Geoffrey W.; Shporer, Avi; Windmiller, Gur; Barclay, Thomas; Boss, Alan P.; Clarke, Bruce D.; Fortney, Jonathan; Geary, John C.; Holman, Matthew J.; Huber, Daniel; Jenkins, Jon M.; и др. (2012). „Kepler-47: A Transiting Circumbinary Multi-Planet System“. Science. 337 (6101): 1511–4. arXiv:1208.5489. Bibcode:2012Sci...337.1511O. doi:10.1126/science.1228380. PMID 22933522.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 „NASA's Kepler Discovers Multiple Planets Orbiting a Pair of Stars“. exoplanets.nasa.gov. NASA. 28 August 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-31. Посетено на 2 September 2012. Kepler mission has discovered multiple transiting planets orbiting two suns for the first time
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „BBC News - Tatooine-like double-star systems can host planets“. BBC News. 29 August 2012. Посетено на 4 November 2012.
  6. „NASA's Kepler discovers multiple planets orbiting a pair of stars“. Sciencedaily.com. 28 August 2012. arXiv:1208.5489. Bibcode:2012Sci...337.1511O. doi:10.1126/science.1228380. Посетено на 4 November 2012.
  7. Quintana, Elisa V.; и др. (November 2006). „Terrestrial planet formation surrounding close binary stars“. Icarus. 185 (1): 1–20. arXiv:astro-ph/0607222. Bibcode:2006Icar..185....1Q. doi:10.1016/j.icarus.2006.06.016.
  8. Shamah, David (30 August 2012). „New worlds discovered, courtesy of US-Israel team“. The Times of Israel. Посетено на 30 August 2012.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 „The Confirmation of a Third Planet in the Kepler-47 Circumbinary System“ (PDF). 2013.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Scientists Fill Out A Circumbinary Planetary System“. Institute For Astronomy. 16 April 2019.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Mission overview“. NASA. Посетено на 17 April 2019.
  12. Morton, Timothy; Johnson, John (23 August 2011). „On the Low False Positive Probabilities of Kepler Planet Candidates“. The Astrophysical Journal. 738 (2): 170. arXiv:1101.5630. Bibcode:2011ApJ...738..170M. doi:10.1088/0004-637X/738/2/170. Посетено на 2 March 2014.
  13. NASA (27 January 2014). „Kepler – Discoveries – Summary Table“. NASA. Архивирано од изворникот на 2017-04-01. Посетено на 1 March 2014.
  14. 14,0 14,1 „Kepler Input Catalog search result“. Space Telescope Science Institute. Посетено на 25 July 2015.
  15. Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A.; Heber, U. (2010). „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“. arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR].
  16. Fraser Cain (16 September 2008). „How Old is the Sun?“. Universe Today. Посетено на 19 February 2011.
  17. Fraser Cain (September 15, 2008). „Temperature of the Sun“. Universe Today. Посетено на 19 February 2011.
  18. Sinnott, Roger W. (19 July 2006). „What's my naked-eye magnitude limit?“. Sky and Telescope. Посетено на 17 April 2019.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 19,5 Orosz, Jerome A.; Welsh, William F.; Haghighipour, Nader; Quarles, Billy; Short, Donald R.; Mills, Sean M.; Sutyal, Suman; Torres, Guillermo; Agol, Eric; Fabrycky, Daniel C. (16 April 2019). „Discovery of a Third Transiting Planet in the Kepler-47 Circumbinary System“. The Astronomical Journal. 157 (5): 174. arXiv:1904.07255. doi:10.3847/1538-3881/ab0ca0. Посетено на 16 April 2019.
  20. 20,00 20,01 20,02 20,03 20,04 20,05 20,06 20,07 20,08 20,09 20,10 20,11 „Discovery Alert: A Third Planet in Kepler-47 System“. exoplanets.nasa.gov. NASA. 17 April 2019. Посетено на 17 April 2019.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 Wall, Mike (16 April 2019). „Discovery! 3rd Planet Found in Two-Star 'Tatooine' Star System“. Space.com. Посетено на 16 April 2019.
  22. 22,0 22,1 „Planet Kepler-47 (AB) d“. exoplanet.eu. 17 April 2019. Посетено на 18 April 2019.
  23. 23,0 23,1 Hinse, Tobias C. (15 January 2015). „Predicting a third planet in the Kepler-47 circumbinary system“. The Astrophysical Journal. arXiv:1409.1349. doi:10.1088/0004-637X/799/1/88. Посетено на 18 April 2019.

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001900000019ч &1000000000000004100000041м &1000000000000011500000011,5с, +&1000000000000004600000046° &1000000000000005500000055′ &1000000000000001200000012″