Прејди на содржината

Карлос Сантана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карлос Сантана

Карлос Огусто Сантана Алвес Д-р[1] (20 јули 1947 (англиски: Carlos Santana) е мексиканско-американски[2] гитарист. Има добиено 12 греми награди, се наоѓа на петнаесеттото место на најдобрите гитаристи на сите времиња и е еден од пионерите на основањето на т.н. "светска музика". Сантана станал славен кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години со неговиот бенд т.н. Сантана Блуз Бенд кој негува не само блуз туку спој помеѓу рокот, салсата, џезот и блузот.

Карлос Сантана е роден во сојузната држава Хулиско, во градот Атлан Де Наваро, во Мексико. Неговиот татко бил професионален маријачи виолинист. Карлос почнал да свири виолина на пет години додека подоцна се преопределил на гитара(на осум години). Врз музичкиот развој на Сантана во своите детски години огромно влијание имал Ричи Валенс, познат американски пејач, гитарист и композитор. Подоцна фамилијата на Карлос се преселила во градот Тихуана, во сојузната мексиканска држава Долна Калифорнија, град кој се наоѓа на самата граница со САД. Тука тој сè повеќе го чувствува влијанието на афроамериканската музика од Америка. Подоцна Карлос мигрира во САД, каде завршува Средно училиште во 1965 година.

Во Сан Франциско, младиот гитарист имал огромно влијание од својот идол и најголемиот гитарист во тоа време ББ Кинг. Тој исто така почнал да навлегува во тајните на џезот и блузот, исто така бил сведок на појавата на хипи движењето во Сан Франциско. Откако завршил средно, почнал да работи како садомијач во ресторан и исто така свирел и по улици сè до 1966 откако го оформил Сантана Блуз Бендот заедно со басистот Дејвид Браун и пијанистот Грег Роли. Со нувниот оригинален бленд на Латино рок, џез, блуз, салса и Африкански ритам, бендот станал познат по клубовите во Сан Франциско се моментот кога бендот настапи на најголемиот хипи концерт на сите времиња Вудсток во 1969 година. По концертот Карлос Сантана во име на целиот бенд потпишува договор со Колумбија Рекордс и директорот Клајв Дејвис, при што го издаваат албумот "Santana".

Во 1972 година, Сантана стана огромен обожавател на гитаристот Јон МекЛафин и неговиот бенд, при што подоцна тие музички соработуваат. МекЛафин знаел дека Сантана ја сака медитацијата и тој му го претставил својот гуру за медитација, при што игра голема улога во музичкото "зреење" на Карлос. Внатре во неговиот бенд се јавуваат несогласување при што после судски спор, Карлос ги добива правата на бендот и неговата музика.

Во 1973 година, го формира новиот бенд познат само како "Сантана", при што е задржан до ден денеска со менување на членовите, освен лид гитаристот самиот Карлос Сантана.

Сè до 1990 година Сантана експериментира со различни музички стилови и соработува со различни музичари од целиот свет. Деведесеттите се сметаат за мрачен период за музиката на Сантана. Сè до крајот на декадата Карлос нема договор со ниедна музичка компанија.

Во 1999 година повторно се враќа Клајв Дејвис сега со продуцентската кука Ариста Рекордс, при што потпишуваат договор заедно со Карлос Сантана, резултатот беше "Supernatural", платинскиот албум кој доби дури девет греми награди, со 120 милиони продадени копии.Овој албум се смета за старт на нова музичка ера за Карлос Сантана која се разликува од онаа до 1990 и трае и ден денеска. За овој албум Сантана соработуваше со Еверласт, Роб Томас, Ерик Клептон, Лорин Хил, Дејв Метјуз и многу други. Најпознати нумери од овој албум се Марија Марија и Смут. Во 1999 година, Сантана се појавува и како моден творец на женски чевли. Сантана во 2001 Сантана ја сними песната "Whatever Happens" заедно со Мајкл Џексон. Во 2002 година Сантана излегува со "Shaman" албумот кој се смета за продолжение на Супернатурал. Карлос соработува со P.O.D., Сил, Алекс Бенд, Мишел Бранч, Чад Кругер и др. Во 2005, Сантана ја снима нумерата "Illegal" заедно со Шакира. Го издава албумот "All That I Am", кој исто така поминува како голем успех, соработува со Стивен Тејлор од Аеросмит, Кирк Хамет од Металика, Шон Пол, Џош Стоун. Во 2007 го издава "Ultimate Santana" албумот при што соработува со Тина Тарнер, Јенифер Лопес, Чад Кругер од Никелбек. Во 2008 го издава "Multidimensional Warrior" албумот кој е спој измегу новата и старата ера на музиката на Карлос Сантана.

Во 2009 година, приголемата турнеја Супернатурал Сантана-Патување низ хитовите Карлос Сантана настапи во Македонија на Арената "Филип II" Скопје пред 15 000 публика во дваипол часовен концерт. Карактер на Сантана се појави на Guitar Hero 5 играта.

Карлос Сантана на концерт во 2005

Гитари

Одпочетокот на неговата кариера, Сантана практикува Gibson L-6S гитара која е поевтина верзија Gibson L5S. За Вудсток рок фестивалот во 1969 година Сантана купува Gibson SG Special. Од 1972 година тој практикува Gibson Les Paul Costum. Од 1976 година па сè до 1982 година негова главна гитара е Yamaha SG 175B. Од 1982 година тој почнува да користи PRS Custom 24 сè до 1988 кога тој склучува договор со PRS за производство на негова серија на гитари, односно PRS Santana I. Во 1999 година PRS и Карлос Сантана излегуваат со PRS Santana II или попозната како PRS Santana Supernatural, модел кој малку се разликува од првата серија но за оваа серија Сантана користи хамбејкери со преклопник од сребро додека на првата серија тој користи обични хамбејкери без преклопник. Втората серија на Сантана гитарите е мошне скапа гитара, тој почнува со нејзино комерцијално производство, цената варира од 12 000 $ па сè до 20 000 $ на ново. Бидејќи Сантана II e луксузен модел (користи скапи егзотични дрва, сребро, злато и др.) сантана во 2001 излегува со Santana III гитара на ниво на Gibson Les Paul или Fender Stratocaster, за професионално снимање, разликата што третата серија е исклучиво за продажба т.е. за комерцијални цели и не содржи луксузни материјали, цената на третата серија е од 3000 до 5000 $. Исто така Сантана ја претставува и PRS Santana SE, студент модел на гитара која може да се набави за 500 до 600 $. Santana SE(исклучена од производство во 2007), моделот на гитара може да се набави и во Република Македонија по цена од 38 000 МКД. Карлос Сантана ја користи втората серија за концерти и студио сè до 2008 година кога ја претставува PRS Santana MD (IV), модел кој чини од 5000 до 8000 $, но сепак и ден денеска тој повеќе ја претпочита Сантана II.

Сантана настапува во Хамбург во 1984

На концертот во Скопје, Сантана користеше PRS Santana MD, PRS Santana II, Gibson Les Paul и Fender Stratocaster гитари. На 21-Август-2009 година Карлос ја претстави новата трета SE гитара која го носи неговиот потпис, PRS Santana Abraxas SE, со цел за секој еден да може да ужива во убавините на PRS Santana Signature сериите на гитари т.е. гитара со пристапна цена. Новата односно втората верзија на SE-Student Edition гитара има тотално нов дизајн досега невиден за Сантана моделите, односно има еден кутавеј, еден микро хамбајкер пик ап, нема тремоло, класичен Пол Ред Смит хедсток итн. На телото на гитарата се наоѓа Абраксас ангелот, на 12-тиот фрет се наоѓа хипи знакот, на хедстокот е испишано името на Сантана, додека на позадината на телото на гитарата се наоѓа неговиот персонален потпис изгравиран во метал. Во 2011 година, Карлос Сантана и PRS Guitars компанијата излегуваат со сосема нов модел на гитара во SE серијата, PRS Santana SE Issue 2011. Карактеристично за оваа гитара е што дизајнот е ист како оригиналната PRC Santana MD, што разликата е во материјалите и местото на призводство (Оригиналната PRS Santana MD се произведува искчучиво рачно во Мериленд, Соединети Американски Држави, додека SE моделот се произведува сериски во Кореја). Во PRS Santana SE 2011 се вградени "Santana Custom Zebra-coil" пикапи како што биле користени во PRS Santana I моделот.

Сантана гитарите се одликуваат со хамбејкери, тремоло и 24 фетови (прагови). Изработени специјално спрема раката на Карлос Сантана(исклучиво дебел врат), кутавеј од двете страни, бразилски розовуд. На позадината на гитарата се наоѓа неговиот потпис. PRS Santana гитарите се спој измегу Gibson Les Paul и Fender Stratocaster моделите на гитара.

Освен електричните гитари, Карлос Сантана користи и класична гитара модел Alvarez Yairi CY127CE, со Сантана Alvarez Tension Nylon жици.

Модели на Сантана ел. гитари:

  • PRS Santana I "The Yellow"(1988)
  • PRS Santana II "Supernatural" (1999)
  • PRS Santana III (2001)
  • PRS Santana SE (2001)
  • PRS Santana SE II (2003)
  • PRS Santana Shaman SE-Limited Edition (2003)
  • PRS Santana MD "The Multidimensional" (2008)
  • PRS Santana Abraxas SE-Limited Edition (2009)
  • PRS Santana SE "The Multidimensional" (2011)

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Santana (1969) US: 2x Multi-Platinum[13] Abraxas (1970) US: 5x Multi-Platinum[13] Santana III, (1971) US: 2x Multi-Platinum[13] Welcome (1973) US: Gold[13] Lotus (Live) (1974) Borboletta (1974) US: Gold[13] Amigos (1976) US: Gold[13] Festival (1977) US: Gold[13] Moonflower (Live/Studio) (1977) US: 2x Multi-Platinum[13] Inner Secrets (1978) US: Gold[13] Marathon (1979) US: Gold[13] Zebop! (1981) US: Platinum[13] Shango (1982) US: Gold[13] Beyond Appearances (1985) Freedom (1987) Viva Santana! (Live/Studio) (1988) Spirits Dancing in the Flesh (1990) Milagro (1992) Sacred Fire: Live in South America (1993)* Summer Dreams (1996)* Live at the Fillmore '68 (1997) Supernatural (1999) US: 15x Multi-Platinum[13] The Essential Santana (2002) Shaman (2002) US: 2x Multi-Platinum[13] All That I Am (2005) US: Gold[13]

Соло албуми

[уреди | уреди извор]

Carlos Santana & Buddy Miles! Live! (1972; with Buddy Miles) US: Platinum[14] Love Devotion Surrender (1973; with John McLaughlin) US: Gold[14] Illuminations (1974; with Alice Coltrane) Oneness: Silver Dreams, Golden Reality (1979) The Swing of Delight (1980) Havana Moon (1983; with Booker T & the MGs, Willie Nelson, and The Fabulous Thunderbirds) Blues for Salvador (1987) Santana Brothers (1994; C.S. with Jorge Santana & Carlos Hernandez) Carlos Santana and Wayne Shorter - Live at the Montreux Jazz Festival 1988 (2007)

Неофициални реализации

[уреди | уреди извор]
  • Samba Pa Ti (1988)
  • Persuasion (1989)
  • Latin Tropical (1990)
  • Santana (1990)
  • The Big Jams (1991)
  • Santana Jam (1994)
  • With a Little Help from My Friends (1994)
  • Jin-Go-Lo-Ba (1994)
  • Soul Sacrifice (1995)
  • Santana Live (????)
  • Jingo and more famous tracks (????)

Синглови

[уреди | уреди извор]
  • 1969: "Jingo" #56 US
  • 1969: "Evil Ways" #9 US
  • 1971: "Black Magic Woman" #4 US
  • 1971: "Oye Como Va" #13 US
  • 1971: "Everybody's Everything" #12 US
  • 1972: "No One to Depend On" #36 US
  • 1974: "Samba Pa Ti" #27 UK
  • 1976: "Let It Shine" #77 US
  • 1977: "She's Not There" #27 US, #11 UK
  • 1978: "Well All Right" #69 US
  • 1979: "One Chain (Don't Make No Prison)" #59 US
  • 1979: "Stormy" #32 US
  • 1980: "You Know That I Love You" #35 US
  • 1981: "Winning" #17 US
  • 1981: "The Sensitive Kind" #56 US
  • 1982: "Hold On" #15 US
  • 1982: "Nowhere to Run" #66 US
  • 1985: "Say It Again" #46 US
  • 1999: "Put Your Lights on" (featuring Erik Schrody)
  • 1999: "Smooth" (featuring Rob Thomas) #1 US, #3 UK (charted in 2000)
  • 2000: "Maria Maria" (featuring The Product G&B) #1 US, #6 UK
  • 2002: "The Game of Love" (featuring Michelle Branch) #5 US, #16 UK
  • 2003: "Nothing at All" (featuring Musiq Soulchild)
  • 2003: "Feels Like Fire" (featuring Dido) #26 NZ
  • 2003: "Why Don't You & I" (featuring Alex Band) #8 US
  • 2005: "I'm Feeling You" (featuring Michelle Branch) #55 US
  • 2005: "Just Feel Better" (featuring Steven Tyler) #8 AUS
  • 2006: "Cry Baby Cry" (featuring Sean Paul and Joss Stone) #71 UK
  • 2006: "Illegal" (Shakira featuring Carlos Santana) #4 ITA, #11 GER
  • 2007: "No Llores" (Gloria Estefan featuring Carlos Santana, José Feliciano and Sheila E.)
  • 2007: "Into the Night" (featuring Chad Kroeger) #2 CAN, #5 SA, #5 Italy, #19 Germany, #26 US
  • 2008: "This Boy's Fire" (featuring Jennifer Lopez with Baby Bash)
  • 2008: "Fuego en el Fuego" (Eros Ramazzotti featuring Carlos Santana) #19 Spain
  • Carlos Santana—Influences (video)
  • Sacred Fire. Live in Mexico. (video & DVD)
  • Supernatural (video & DVD)
  • iva Santana (DVD)
  • Santana Live By Request (DVD)

Tribute albums Ed Calle: Ed Calle Plays Santana (Universal Latino, 2004)

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. "Santana Speaks at Convocation". Архивирано од изворникот на 2011-07-20. Посетено на 2011-03-15.
  2. „Welcome to the Pacific Coast Immigration Museum“. learn.pacificcoastimmigration.org. Архивирано од изворникот на 2011-03-18. Посетено на 2010-10-19.