Прејди на содржината

Италски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Италски
Народност:Италци
Географска
распространетост:
првично во Италија, денес претежно во јужна Европа, највеќе ширум светот со прекини
Класификација:индоевропски
  • италски
Гранки:
оскоумбриско (порано сабелско)
ISO 639-5:itc

Приближна распределба на јазиците во Италија во VI век п.н.е.). (Напомена: највеќето не се италски.)

Италските јазици се јазично семејство во состав на индоевропските јазици што го говореле италските народи. Тука спаѓаат романските јазици со потекло од латинскиот (галисискиот, италијанскиот, шпанскиот, каталонскиот, португалскиот, францускиот, романскиот, окситанскиот итн.), и низа мртви јазици од Апенинскиот Полуостров, како што се умбрискиот, осканскиот, фалискиот и јужнопикенскиот.

Семејството има две познати гранки:

Покрај ова, италски јазици се и еквискиот (јазик на Еквите источно од Рим) и вестински (јазик на Вестините во североисточна Италија), но не се понатаму класификувани поради недостаток на информации. Според некои извори, сикелскиот јазик во Сицилија бил сличен на латинскиот, но сознанијата се премногу оскудни за да може ова да се потврди.

Кога Рим ја наметнал својата власт над цела Италија, латинскиот ги потиснал другите јазици и истите престанале да се говорат некаде во I век. Во подоцнежните периоди, од народниот латински (вулгат) настанале денешните романски јазици.

Фонетика

[уреди | уреди извор]

Следи делумен список на правилни гласовни промени од праиндоевропскиот во праиталскиот јазик, означена со стрелка. Знаците во косите црти претставуаат фонеми. Со ѕвездичка се означени реконструираните облици на зборовите. Со бројки се означени границите на зборовите; кога се ставини најнапред, ова значи дека гласот стои на почетокот на зборот.

Избувни гласови

[уреди | уреди извор]
  • Преднонепчено-заднонепчените се споиле со обичните заднонепчени гласови (кентумизација).
    • k
    • ɡʲʱɡʱ
    • ɡʲɡ
  • звучните уснено-заднонепчени гласови станале незаоблени или ленитни
    • ɡʷɡ or w
  • звучните приздивни гласови прво претрпеле обезвучување, а потоа и острујување
    • ɸ
    • θ
    • ɡʱx
    • ɡʱʷkʰʷ
  • ... освен по носните гласови, каде звучните приздивни гласови го изгубиле приздивот, претворајќи се во b d g gʷ.
  • p пред во следниот слог (на пр. лат. quinque „пет“ од ПИЕ *penkʷe); на сите други места останало непроменето
  • t → k кога стои пред l во состав на зборот;[1] непроменето на сите други места
  • преостанатите избувни гласови (b d ɡ k ) се непроменети.

Шушкави гласови

[уреди | уреди извор]
  • sθ before r
  • s → z помеѓу самогласки[1]
  • непроменето на сите други места

Одгласни гласови

[уреди | уреди извор]
  • осамогласување (вокализација) на слоговните одгласни гласови (резонанти), l̥ → ol, r̥ → or[2]
  • слоговните m̥ n̥, и неслоговните огласни гласови (l r m n w) се непроменети

Грклени гласови

[уреди | уреди извор]

Грклените (ларингални) гласови се класа на хипотетички гласови од ПИЕ: h1, h2, h3 што се изгубиле во подоцнежиот период на прајазикот, но оставиле свои траги врз соседните самогласки. По нивното исчезнување, во праиталскиот останале некои карактеристични гласовни комбинации. Подолу # значи граница на збор, т.е. дека гласот е почетен.[3] H бележи некој грклен глас. Поедноставните елементи од развојот на грклените гласови во италската група се присутни и кај речиси сите индоевропски групи:

  • #h1e → #e, #h2e → #a, #h3e → #o
  • Ceh2C → CāC, Ceh3C → CōC
  • CHC → CaC

Посвојствен за италските јазици е односот помеѓу грклените и одгласните гласови. R бележи одгласен глас.

  • #HRC → #aRC and CHRC → CaRC, but #HRV → #RV
  • CRHC → CRāC but CRHV → CaRV
  • CiHC и веројатно CHiC → CīC; Ch2ei̯C → Cai̯C

Самогласки

[уреди | уреди извор]

Дифтонзи

[уреди | уреди извор]
  • eu → ou во состав на зборот[2]

Морфологија

[уреди | уреди извор]
  • задржани машкиот, женскиот и средниот род[4]
  • задржани еднината и множината; двоината сведена на само неколку случаи[4]
  • задржани падежите номинатив, генитив, датив, акузатив, аблатив, локатив и вокатив, но исчезнат инструменталот[4]
  • завршниците од деклинација „ā“ (по ист редослед како претходното); еднина: -ā, -ās, -āi, -ām, -ād, -āi, -a; множина: -ās, -āsōm, -āis, -āns, -āis, -ā, нема, нема[5]

Подоцнежни промени

[уреди | уреди извор]

Во текот на развојот на поединечните италски јазици дошло до уште промени. На пример, во латинскиот: f, θb, d помеѓу самогласки и θf на почетокот од зборот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Silvestri 1998, стр. 326
  2. 2,0 2,1 Silvestri 1998, стр. 325
  3. Bakkum 2009, стр. 58–61.
  4. 4,0 4,1 4,2 Silvestri 1998, стр. 332
  5. Silvestri 1998, стр. 333

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Bakkum, Gabrël C.L.M. (2009), The Latin Dialect of the Ager Faliscus: 150 Years of Scholarship:Part I, Amsterdam: University of Amsterdam, ISBN 978-90-5629-562-2
  • Pulgram, Ernst (1958), Tongues of Italy, Prehistory and History, Cambridge: Harvard University Press
  • Rix, Helmut (2003), „Ausgliederung und Aufgliederung der italischen Sprachen“, Во Bammesburger, Alfred; Vennemann, Theo (уред.), Languages in Prehistoric Europe, Indogermanische Bibliothek 3 (германски), Heidelberg: Winter, стр. 147–172, ISBN 3-8253-1449-9
  • Silvestri, Domenico (1998), „The Italic Languages“, Во Ramat, Anna Giacalone; Ramat, Paolo (уред.), The Indo-European languages, Taylor & Francis Group, стр. 322–344.
  • Watkins, Calvert (1998), „Proto-Indo-European: Comparison and Reconstruction“, Во Ramat, Anna Giacalone; Ramat, Paolo (уред.), The Indo-European languages, Taylor & Francis Group, стр. 25–73.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]