Ентре Риос (покраина)
Главен град | Парана |
Површина | 78,781 km² |
Население | 1,158,147 (2001) |
Густина | 14.7/km² |
Гувернер | Серхио Урибари |
Демоним | Ентрерианец (Entrerriano) |
ISO 3166-2 | AR-E |
Ентре Риос (шпански: Entre Ríos) е една од покраина на Аргентина, сместена во регионот Месопотамија во североисточниот дел на земјата. Се граничи со покраините Буенос Аирес (југ), Кориентес (север) и Санта Фе (запад), и Уругвај на исток.
Главен град е Парана (250,000 жители), и лежи на истоимената река Парана.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Од земјоделието најзастапен е оризот (60% од националното производство), сојата, пченицата, пченката, и агруми со што е и втор производител и 16% оди во извоз во Европа.
Од сточарството има говеда (4,5 милиони грла) и овци, од кои 60.000 км2 се пасишта и фарми.
Од вкупното национално производство на јајца, Ентре Риос има удел од 37%. Се произведува и мед најмногу за извоз.
Индустријата за производство на храна и пијалаци е многу застапена. Има и многу млинови во кои се произведува брашно. Исто застапена е дрвната, хемиската, металургиската и машинската индустрија.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Целиот регион е низина на некои места ива возвишенија до 100 м. Тука има два ридски предели т.н lomadas или cuchillas.
Името на покраината значи „меѓуречје“. Реки кои течат се: Парана на запад и југ; реката Уругвај и Мокорета на исток; и Гвајкираро на север.
Климата е суптропска се годишни врнежи до 900 мм.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Покраината еподелена на 17 департмани (departamentos).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Управен портал (шпански)
- Државен универзитет (шпански)
- Туризам Архивирано на 18 декември 2014 г. (англиски)
- Туризам (шпански)
|