Гросшенау (германски: Großschönau) — општина во округот Герлиц, во Саксонија, Германија. Се наоѓа во пограничниот регион со Чешка. Бил познат како центар на фабричкото производство на дамаст во Горна Лужица до крајот на 1980-тите. Оттогаш се свртел кон туризмот.
Во близина на градот се наоѓа историска бања, која обновена и денес работи. Опремена е со затворен базен, сауна, кампови и апартмани. Градот е почетна точка за планинарите и велосипедистите, кои се желни за открување на обете страни на чешко-германската погранична област. Врвот Лауше (793 м) се наоѓа во општината Валтерсдорф и се забележува дека е највисок врв на Лужичките Планини.
Гросшенау е поврзан со соседниот чешки град Варнсдорф. Железничката станица во Гросшенау нуди три национални врски со Полска, Чешка и Германија, бидејќи градот е дел од постоечкиот еврорегион. Бидејќи сите три земји се дел од Шенген-зоната, сите гранични премини и контроли се отстранети.