Авила (покраина)
Авила Provincia de Ávila | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Поглед на рамница и планината Парамера | |||
Авила во рамките на Шпанија | |||
Земја | Шпанија | ||
Автономна заедница | Кастиља и Леон | ||
Главен град | Авила | ||
Управа | |||
• Претседател | Агустин Гонсалес Гонсалес (PP) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 8.048 км2 (3,107 ми2) | ||
Ранг | 30 | ||
1,60 % од земјата | |||
Население | |||
• Вкупно | 171.680 | ||
• Ранг | XLVII | ||
0,37 % од земјата | |||
Службен јазик | шпански | ||
Мреж. место | https://www.diputacionavila.es |
Авила (шпански: Provincia de Ávila) — покраина во среднозападна Шпанија, на југот на автономната заедница Кастиља и Леон. На југ се граничи со покраините Толедо и Касерес, на запад со Саламанка, на север со Ваљадолид, а на исток со Сеговија и Мадрид. Населението брои 165.138 жители (2002). Главен град е Авила.
Географија
[уреди | уреди извор]Авила е географски поделена на два дела со сосема различна почва и клима. Северниот дел е претежно рамничарски, со просечно квалитетна почва, на места цврста и лапореста, но карпеста во долините и падините. Климата е многу студена зиме и многу врела лете. Населението е претежно земјоделско. Јужниот дел е покриен со планински венци, испрекинати со добро наводнети долини, богати со растителен свет. Зимата е долга и сурова (особено во високиот крај Парамера и пустелиите).
Поважни планински венци се Гвадарама, Сиера де Авила и Сиера де Гредос. Највисок врв е Алманазор.
Најголеми реки се Алберче и Тјетар (во сливовот на Тахо) и Тормес, Трабанкос и Адаха (во сливот на Дуеро).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
|