Џони Деп
Џони Деп | |
---|---|
Роден(а) | Џон Кристофер Деп II John Christopher Depp II |
Занимање | Глумец, сценарист, режисер, продуцент, музичар |
Активен | 1984— |
Сопружник | Lori Anne Allison (1983 — 1986) |
Вонб. другар | Sherilyn Fenn (1985 — 1988) Винона Рајдер (1989 — 1993) Кејт Мос (1994 — 1998) Ванеса Паради (1998— ) |
Џон Кристофер, попознат како Џони Деп (англиски: Johnny Depp II; роден на 9 јуни 1963) — американски глумец и музичар познат по неговите портрети на ексцентрични ликови како Џек Спероу во филмската серија Пиратите од Карибите, Раул Дјук во Страв и омраза во Лас Вегас и Сем во Бени и Џун.
Деп се истакна во главната улога на телевизиската серија 21 Jump Street и брзо се сметаше за тинејџерски идол. Неудобно со таа карајтеристика, тој се фокусираше на филмските улоги што мислеше дека се вистински. Најпрво филмски се истакна со насловниот лик на Edward Scissorhands, а подоцна пронајде успех на box office во улоги како Ихабод Крејн во Заспаната долина, Џек Спероу во филмската серија Пиратите од Карибите и неговата улога како ексцентричниот Вили Вонка во Чарли и фабриката за чоколади.
Тој работеше со режисерот и негов близок пријател Тим Бартон во седум филмови, од кои најнови се Алиса во земјата на чудата и Свини Тод:Демонот Барбер од улицата Флит (2007). Деп собирал признанија за неговите портрети на фигури од вистинскиот живот како Едвард Д.Вуд Џуниор во Ед Вуд, Џозеф Д.Пајстоун во Дони Браско и Џорџ Џанг во Удар (2001). Неодамна, тој го прикажа легендарниот ограбувач на банка Џон Дилингер во филмот на Мајкл Ман од 2009, Гангстери.
Само во САД заработката после премиерата на филмовите каде глуми тој, изнесува над 2,3 милијарди долари, додека на светско ниво сумата е 4,8 милијарди долари. Номиниран трипати за Оскар за најдобар глумец, четири номинации има и од Screen Actors Guild Awards и дури осум номинации за наградите за Златен глобус, Деп освои Златен глобус за најдобар глумец за неговата улога во Свини Тод:Демонот Барбер од улицата Флит и од Screen Actors Guild за Пиратите од Карибите:Проклетството на црниот бисер.
Животопис
[уреди | уреди извор]Џон Кристофер е роден во Овенсборо, Keнтаки,[1][2][3] како најмало од четирите деца на семејството. Тој е син на Бети Сју Палмер (моминско име - Велс) која работела како келнерка,[4] додека пак татко му Кристофер Деп, работел како градежен инженер.[5][6] Деп има еден брат, Даниел (писател) и две сестри, Кристи (неговиот личен менаџер) и Деби. Според биографијата, потеклото на Деп е француско-ирско: имено Pierre Deppe (Dieppe) емигрирал во Вирџинија најверојатно во 1700 година.[7] Детството на Деп не било вообичаено, бидејќи неговото семејство постојнао се селело (20 пати), а најпосле се населиле во Мирамар, Флорида.[8] Според неговите зборови, семејството било сиромашно, а тој редовно добивал ќотек, кога ќе погрешел. Кога имал 15 години, неговите родители се развеле,[8][9] а тој лошо ја поднесол разделбата на родителите.
Во 2012 година, Деп се развел од пејачката Ванеса Паради, со која живеел 14 години. Од тој брак, Деп има две деца - ќерката Лоли-Роуз и синот Џон. Според сопственото признание, најголеми идоли на Деп се: Марлон Брандо, Боб Дилан, Хантер С. Томпсон и Кит Ричардс. Речиси секогаш, Деп носи очила во боја, бидејќи на десното око е кратковид, додека на левото око е речиси слеп.[10]
1980
[уреди | уреди извор]Мајката на Деп му купила гитара кога тој имал 12 години и тој почнал да свири во различни гаражни групи.[8] Неговиот прв бенд беше во чест на неговата девојка Мередит. Една година по разводот на неговите родители глумецот го напушта средното училиште и се концентрира на тоа да стане рокер.[8] Како што еднаш објаснил на Inside the Actors Studio, планирал да се врати на училиште по две недели, но директорот му рекол да го следи својот сон да стане музичар. Свирел со The kids, група која ужива скромен локален успех. The kids заедно заминале за Лос Анџелес во потрага по договор за плоча, кои го сменија името во Six Gun Method. Деп подоцна соработувал и со групата Rock City Angels како што се Rock City Angels и притоа беше текстописец на нивната песна „Mary", која оди во „етер” на албумот на Rock City Angels под закрила на Geffen Records .
На 24 декември 1983 година Деп стапува во брак со Лори Ани Алисон[2] која воедно е и сестра на пејачот на групата. Деп исто така работел и како т.н презентер на производи (лично но и преку телефон). Пресвртот најверојатно е кога сопругата го запознава Деп со Николас Кејџ[8] кој и го увидел неговиот глумечки талент па му предложил да се обиде и во филмската индустрија.[11] Во 1985 Деп и Алисон се разведоа.[2] Откако бракот заврши, Деп се вери со Шерилин Фен (која ја запознал на прикажувањето на краткиот филм Dummies во 1985).
1990-те и 2000-тите
[уреди | уреди извор]Во 1994 Деп беше уапсен и испрашуван од полицијата поради наводно предизвикување сериозна штета во апартманот во хотел во Њујорк. Од 1998 следеше врска со британската манекенка Кејт Мос, потоа со Ванеса Парадис, француска глумица и пејачка која ја запознава за време на снимањето на филмот The Ninth Gate. Во 1999 тој беше повторно уапсен за караница со фотографи пред еден ресторан во Лондон додека вечерал со Парадис.
Двојката има две деца. Ќерката Лили-Роуз Мелоди Деп е родена на 27 мај 1999, а синот Џон "Џек" Кристофер Деп III е роден на 9 април 2002. Во 2007 ќерката закрепнуваше од сериозна болест, инфекција од ешерихиа коли која предизвика затворање на бубрезите и резултираше со подолго останување во болница. Во знак на благодарност Деп ја посети болницата во ноември 2007 облечен како капетанот Џек Спероу и притоа помина 4 часа читајќи им приказни на децата. Подоцна донираше 1 милион фунти (околу 2 милиони долари) во болницата во раната 2008. Иако Деп не се прежени, тој изјави дека децата му дале „вистинска фондација, вистинско силно место да се опстане во животот, во работата, во се’”. „Не можете да планирате длабока љубов која резултира во деца. Татковството не беше свесна одлука. Тоа беше дел од едно прекрасно патување на коешто бев. Беше судбина. Целата математика најпосле проработе.” Семејството си го поминува времето во нивниот дом во Мејдон, сместен во предградијата на Париз, Лос Анџелес, остров кој го купил на Бахамите и нивната вила во Ле План-де-ла-Тур, мало гратче оддалечено час и половина од Сент Тропе, во јужниот дел на Франција. Џони исто така побара и имот со лозје во областа Ле План-де-ла-Тур во 2007.
Џони Деп има 13 тетоважи, многу од нив означуваат важни личности или настани во неговиот живот. Тие вклучуваат профил на Северноамерикански индијанец и напишано „Вино засекогаш” (оригинално „Винона Рајдер”, изменето по неговото раскинување со Винона Рајдер) на неговиот десен бицепс, „Лили-Роуз” (името на неговата ќерка) токму кај срцето, додека на левиот бицепс е името Бети Сју (името на мајката), а исто така и синот не е изоставен па и тој си „доби” тетоважа на десната рака на татко му (врабец како лета преку вода со зборот „Џек” (името на синот; врабецот повеќе лета кон него отколку што бега од него како што е прикажано во Пиратите од Карибите).
Во 2003 коментарите на Деп за САД се појавуваат во германското списание Ѕвезда, објаснувајќи дека „Америка е глупава, таа е нешто како глупаво куче со големи заби – што може да те касне и да те повреди, агресивно.” Иако тој подоцна изјави дека списанието погрешно ги цитирало неговите зборови и дека цитатот бил изваден од контекст, Ѕвезда стоеше зад својата приказна, како што направи и CNN.com во својата покриеност на интервјуто. CNN ја додаде неговата забелешка дека тој би сакал неговите деца „да ја гледаат Америка како играчка, скршена играчка. Малку истражувај, проверувај, добиј го ова чувство и потоа излези.” Изданието на Newsweek во јули 2006 го преиздаде цитатот на „глупаво куче”, буквално, во контекстот на Писмо до списанието. Деп исто така не се согласи со следните медиумски извештаи дека тој вели дека го претставуваат како „Европски имитатор” велејќи дека тој само ја сака анонимноста на живеење во Франција и неговиот поедноставен живот таму.
На 4 февруари 2015 година, на возраст од 51 година, Џони Деп се венчал со Амбер Херд (28 години), која ја запознал на снимањето на филмот „Дневник на румот“. Венчавката се одржала на приватна церемонија во неговиот дом во Лос Ангелес, а неколку дена, тие организирале свадбена прослава на приватниот остров на Деп на Бахамите, при што тој ѝ подарил на невестата скап дијамантски прстен.[12][13]
Кариера
[уреди | уреди извор]Телевизија
[уреди | уреди извор]Деп играше главна улога во телевизиската серија 21 Jump Street, што се емитуваше на телевизијата Фокс во 1987. Тој ја прифатил улогата бидејќи не добивал многу работа во делото и сакал да работи со глумецот Фредерик Форест, којшто го инспирирал. Подоцна во сезоната како полуглавен партнер се придружува и Сал Јенко, долгогодишен пријател на Деп, како вратар наречен Блоуфиш. Успехот на серијата го претвори Деп во популарен тинејџерски идол за време на доцните 80. Него го иритираше тој статус на тинејџерски идол. Тој си вети дека откако ќе заврши неговиот договор за серијалот, ќе глуми само во филмови каде би сметал дека се добри за него.
Филмски улоги
[уреди | уреди извор]Првата главна улога Деп ја добива во хорор филм „Кошмар на Елм стрит“ во 1984 каде е во улога на дечко на хероината и еден од жртвите на Фреди Кругер.[14][15] Во 1986, тој исто така се појавува во споредна улога како војник кој разбира виетнамски во Вод на смртта на Оливер Стоун.
Потоа Деп зад себе го остави имиџот на тинејџерски идол во 1990, со оригиналната насловна улога во филмот на Тим Бартон, Едвард со рацете-ножици. Успехот на филмот започна долго поврзување со Бартон.
Во 1995 година Деп глумел во три филма. Со Марлон Брандо глумел во хитот на благајните Дон Хуан Демарко, во улога ба човек кој верува дека е Дон Жуан, најголемиот љубовник на светот. Глумел во „Мртовец“ на Џим Џармуш, вестерн снимен целосно во црно-бела техника кој добил мешани критики; а глумел и во Временски теснец, кој поминал многу лошо кај критиката и на благајните. Деп глумел улога на сметководител кој требало да убие политичар за да ја спаси својата киднапирана ќерка.
Во 1997 година, Деп и Ал Пачино глумеле во криминалната драма Дони Браско, во режија на Мајк Њуел. Деп бил таен агент на ФБИ кој се претставува како Дони Браско за да се инфилтрира во мафијата во Њујорк. Дони Браско поминал добро кај критиката и на благајните и се смета за еден од најдобрите глуми на Деп.[16][17] Исто така во 1997 година, Деп дебитирал како режисер и сценарист со филмот The Brave. Во него има улога на сиромашен домороден Американец кој прифаќа предлог од богат човек, кој го игра Марлон Брандо, да се појави во филм за да заработи пари за неговото семејство. Премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1997 година со претежно негативни критики.[18] Поради критиките, Деп не го објавил The Brave во САД.[19][20]
Деп, страстен обожавател и исто така долгогодишен пријател на авторот Хантер С. Томпсон, глумеше една верзија на Томпсон (наречен Раул Дјук) во филмот од 1998 Страв и омраза во Лас Вегас, заснована на псевдобиографската новела на авторот со истото име. Деп исто така го придружуваше Томпсон како негов организатор на една од последните турнеи на авторот на книги. Во 2006, Деп приложи личен договор кон Гонзо од Хантер С.Томпсон, посмртна визуелна биографија за наследството на авторот објавена на ammobooks.com. Како близок пријател на Томпсон, Деп плати за најголем дел од меморијалниот настан на Томпсон, исполнет со огномет и пукање на пепелта на Томпсон со топ во Аспен, Колорадо, каде што живееше Томпсон.
Филмските одлики на Деп од печатот беа опишани како „иконски самотници”, а Деп забележа дека овој период од неговата кариера беше полн со „дефинирани неуспеси во студиото” и филмови кои беа „отров на бокс офисот”, изјавувајќи дека тој верува дека филмските студија никогаш „не ги разбирале” филмовите во кои тој се појавувал и не знаел како правилно да ги продава. Тој исто така рече дека посебно одбира да се појавува во филмови за кои тој лично е заинтересиран, отколку во оние што тој мислел дека би успеале на box office.
Статусот на Деп како голема ѕвезда беше зацврстен со успехот од филмот Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер на Walt Disney Pictures од 2003, за којшто неговата водечка изведба како љубезниот пират Капетанот Џек Спероу беше високо пофалена. Изведбата отпрвин била негативно примена од шефовите на студиото кои го гледале филмот, но ликот стана популарен со публиката. Во 2006, партнерот на Деп од продолжението на Пиратите од Карибите, Бил Најги, ја опиша улогата како веројатно да е „една од најпопуларните изведби на последните времиња”. Според едно испитување од Фанданго, Деп исто така се сметал и за еден од главните причини што публиката сакала да го гледа филмот. Режисерот на филмот, Гор Вербински рече дека ликот на Деп, Џек Спероу блиску наликува на сопствената личност на Џони, иако Џони самиот рекол дека тој го моделирал ликот по гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс. Деп, кој бил забележан дека бил „изненаден” и „трогнат” на позитивниот прием на филмот, бил номиниран за оскар за најдобар глумец за улогата. Во 2004 повторно бил номиниран за оскар за најдобар глумец, но овој пат за улогата на Шкотскиот автор Ј.М.Бери во филмот Наоѓање на Недојдија. Потоа Деп глумеше како Вили Вонка во филмот Чарли и фабриката за чоколади во 2005, којшто беше огромен успех на box office. Деп му се врати на ликот Џек Спероу за продолжението Pirates of the Caribbean:Dead Man’s Chest, кое се отвори на 7 јули 2006 и заработи 135, 5 милиони долари во првите три дена на своето прикажување во САД, кршејќи го рекордот на бокс офисот со достигнувајќи го некогаш највисокиот резултат на викендот. Следното продолжение на Пиратите на Карибите, Крајот на светот, беше издадено на 24 мај 2007; Деп го спомна неговото приврзување за ликот на капетанот Џек Спероу, наведувајќи дека Спероу е „дефинитивно голем дел од мене”, и ја изрази својата желба да го претстави ликот во следните продолженија. Деп го позајми гласот на Спероу во видео играта Пиратите од Карибите:Легендата за Џек Спероу. Авантуристичките таленти со меч на Џони Деп развиени за ликот на Џек Спероу беа истакнати во документарниот филм Обработувајќи го сечилото. Со филмот Мајстор за меч, Боб Андерсон ги сподели своите искуства работејќи со Деп на кореографијата. Андерсон кој исто така го обучуваше Ерол Флин, друг познат Холивудски пират, во филмот ја опиша способноста на Деп како глумец кој го зема мечот како „толку добро колку што можеш да добиеш” Деп и Горе Вербински беа извршни продуценти на албумот Rogues Gallery, Pirate Ballads, Sea Songs and Chanteys. Деп ја играше главната улога на Свини Тод во филмската адаптација на мјузиклот на Тим Бартон, за којшто доби златен глобус за најдобар глумец-Motion Picture Musical or Comedy. Традиционалната церемонија за 65 доделување на златен глобус не се пласираше заради штрајкот на сојузот на писатели на Америка во 2007-2008. Деп му се заблагодари на Hollywood Foreign Press Association и го пофали Тим Бартон за неговата „безрезервна доверба и поддршка”. Како дете, Деп беше опседнат со Dark Shadows, сапунска опера со готска тема што се емитуваше на ABC од 1966 до 1971. Како резултат, тој го прифати предлогот на Warner Bros да направи филмска верзија на шоуто. Во јули 2007 договорот за права беше засегнат со имотот на Ден Картис, продуцент/директор на шоуто. Деп и Грахам Кинг ќе го реализираат филмот со Дејвид Кенеди, кој раководеше со Dan Curtis Productions inc. откако Картис почина во 2006. Деп исто така ќе се појави во филмската верзија на книгата The Rum Diary на Хантер С. Томпсон, претставувајќи го главниот лик Пол Кемп. Деп се пријави да игра една инкарнација на ликот на Хит Леџер во филм во 2009, The Imaginarium of Doctor Parnassus заедно со Џуд Ло и Колин Фарел. Тројцата глумци своите плати од филмот ги дадоа на ќерката на Леџер, Матилда. Тој го претставуваше Мед Хатер во Бартоновата Алиса во земјата на чудата, а ќе го игра и Тонто во идниот филм на Lone Ranger. Disney Studios исто така изјави дека четвртата сезона на серијата Пиратите е во развој, во која Деп ќе ја репризира улогата на капетанот Џек Спероу.
Во 2015 година, Деп учествувал во петтото продолжение на серијалот „Пиратите од Карибите“. Притоа, снимањето било накратко прекинато во март, кога Деп си ја повредил раката.[10]
Соработката со Тим Бартон
[уреди | уреди извор]Деп соработуваше со режисерот и негов близок пријател Тим Бартон во седум филмови, почнувајќи од „Едвард со рацете-ножици“ (Edward Scissorhands) од 1990 година, наспроти Винона Рајдер и Винсент Прајс. Неговата следна улога со Бартон беше во филмот во 1994, Ед Вуд. Подоцна Деп рече дека „во рок од 10 минути што слушав за проектот, бев исполнет”.[21] Некое време глумецот беше депресивен за филмови и за кинематографија. Со прифаќање на овој дел му се даде „шанса да се истегне и малку да се забавува”, а работењето со Ландау „му ја подмлади љубовта за глумење”.[21]
Продуцентот Скот Радин еднаш рече: „Во суштина Џони Деп го глуми Тим Бартон во сите филмови”, иако Бартон лично не го одобрил коментарот. Меѓутоа Деп се согласува со изјавата на Радин. Според Деп, „Edward Scissorhands“ ја претставувала неспособноста за комуницирање на Бартон како тинејџер. Ед Вуд ја одразува врската на Бартон со Винсент Прајс (многу слична со Едвард Д.Вуд Џуниор и Бела Лугоси). Следниот потфат на Деп беше улогата на Ихабод Крејн во мрачниот Sleepy Hollow (1999), наспроти Кристина Ричи. Sleepy Hollow ги изразува чувствата на Ихабод што ја одразуваат битката на Бартон со Холивудскиот студиски систем. За неговата изведба, Деп исцрпи инспирација од Ангела Лансбари, Роди Мекдовал и Басил Ратбон. Деп изјави: „Отсекогаш мислев дека Ихабод е нежна, слаба личност која можеби беше малку во допир со неговата женска страна, како исплашено мало девојче.” Деп не работеше пак со Бартон се’ до објавување на два филма во 2005, од кој првиот беше Чарли и фабриката за чоколади. Деп ја обликуваше косата на ликот на Ана Винтур. Филмот беше успех на box office и доби позитивна критичка реакција, иако Џин Вајлдер, кој го глумеше Вили Вонка во филмот во 1971, кој на почетокот се спротивставувал на оваа верзија. Чарли и фабриката за чоколади беше објавен во јули, придружен со Corpse Bride, за којшто Деп го позајми гласот на ликот Виктор Ван Дорт, во септември. Следуваше Sweeney Todd:The Demon Barber of Fleet Street (2007), носејќи му ја втората голема награда за победа, Златен глобус за најдобар глумец во Мјузикл или комедија како и третата номинација за Оскар за најдобар глумец. Тој го цитираше Питер Лор во Mad Love (1935) како негово главно влијание за улогата, и ги вежбал песните што неговиот лик би ги изведувал за време на снимањето на Пиратите од Карибите:Крајот на светот. Иако учествувал во музички групи, Деп прво бил несигурен дека ќе биде способен да ги одржи стиховите на Штефан Сондхајм. Деп сними свои демо албуми во Западен Холивуд, работејќи со Брус Виткин да ги обликува неговите вокали без квалификуван тренер за глас. Беше повикан да работи со Бартон како „враќање дома”, а тој го напиша воведот за Бартон за Бартон, книга со интервјуа со режисерот, во која тој го нарече Бартон „…брат, пријател...и храбра душа”. Следната соработка на Деп и Бартон беше Алиса во земјата на чудата (2010). Деп го глумеше Мед Хатер заедно со долгогодишниот соработник Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј и Алан Рикмен.
Други интереси
[уреди | уреди извор]Музика
[уреди | уреди извор]Како гитарист, Деп сними соло албум, свиреше слајд гитара на песната на Оејзис “Fade In-Out” (од Be Here Now, 1997), како и на “Fade Away (верзија на Warchild)” (b-side на песната „Не оди си”). Тој исто така свиреше на акустична гитара во филмот Чоколада и на саундтракот за Беше еднаш во Мексико. Тој е пријател на Шејн Мекгован од The Pogues и настапи на нејзиниот прв соло албум. Исто така, тој беше член на Пи, група која го вклучува пејачот на Butthole Surfers, Џиби Хејнс и басистот на Ред хот чили пеперс, Фли. Тој се појави во музичкиот спот на Том Пети и Срцекршачите, “Into the Great Wide Open”. Производител на вино и сопственик на рестиран Деп и Парадис одгледуваат грозје и имаат винарски објекти во нивните лозови насади во План-де-ла-Тур северно од Сент Тропе. Познат по склоноста кон Француски вина, меѓу неговите омилени се Chateau Calon-Segur, Chateau Cheval-Blanc и Chateau Petrus, и виното од Бургунди Domaine de la Romanee-Conti. Интервјуиран во Мадам Фигаро, Џони изјавил: „Со овие вина ќе достигнете блаженство”. Заедно со Шон Пен, Џон Малкович и Мајк Хакнал, Деп е ко-сопственик на Парискиот ресторан-бар Ман Реј, кој се наоѓа во близина на Champs-Elysees.
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Некои од наградите што ги добил Деп вклучуваат почести од Кругот на Лондонските филмски критичари (1996), Рускиот сојуз на филмски критичари (1998) и Златен глобус за најдобар глумец. Во 2008 на MTV Movie Awards тој ја доби наградата за „најдобар бандит” за неговиот портрет на Свини Тод и „најдобра комичка изведба” за Џек Спероу. Деп беше номиниран за три награди на Академијата, во 2004 за Пиратите од Карибите:Проклетството на црниот бисер, во 2005 за Наоѓајќи ја Недојдија, и во 2008 за Свини Тод:Демонот Барбер од улицата Флит. Деп го освои својот прв Златен глобус за неговиот портрет на Свини Тод во 2008.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Џони Деп на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Џони Деп на People.com (англиски)
- Џони Деп на Yahoo! Movies
- Џони Деп на Charlie Rose
- Џони Деп собрани вести и коментари на The New York Times
- Дела од или за Џони Деп во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
|
- ↑ Barraclough, Leo (July 6, 2020). „7 Things You Need to Know About Johnny Depp's U.K. Trial“. Variety. Архивирано од изворникот на May 20, 2021. Посетено на May 20, 2021.
...over the case brought by John Christopher Depp II against Rupert Murdoch's News Group Newspapers...
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Celebrity Central: Johnny Depp“. People. Архивирано од изворникот на June 8, 2012. Посетено на June 19, 2012.
- ↑ „Monitor“. Entertainment Weekly. Бр. 1263. June 14, 2013. стр. 40.
- ↑ Ng, Philiana (May 25, 2016). „Johnny Depp's Mother Dies After Long Illness“. Etonline.com. Архивирано од изворникот March 18, 2017. Посетено на March 3, 2017.
- ↑ Blitz & Krasniewicz 2007, стр. 1.
- ↑ The Genealogist Архивирано на 26 јуни 2019 г., "Richard T. Oren Depp (1879–1912); m. Effie America Palmore. 9th gen. Oren Larimore Depp; m. Violet Grinstead. 10th gen. John Christopher Depp; m. Betty Sue Wells. 11th gen John Christopher Depp II (Johnny Depp), b. 9 June 1963, Owensboro. See Warder Harrison, "Screen Star, Johnny Depp, Has Many Relatives in Ky.", Kentucky Explorer (Jackson, Ky), July–August 1997, 38–39. 247 Barren Co."
- ↑ Oldenberg, Ann (June 26, 2013). „'Lone Ranger' stars have roots in historic figures“. USAToday.com. Архивирано од изворникот на June 27, 2013. Посетено на June 27, 2013.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Stated on Inside the Actors Studio, 2002
- ↑ Smith, Kyle (December 13, 1999). „Keeping His Head“. People. Архивирано од изворникот на June 22, 2012. Посетено на December 11, 2019.
- ↑ 10,0 10,1 Наташа Спирова-Серафимова, „Живеам како бегалец“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 6-7.
- ↑ Blitz & Krasniewicz 2007, стр. 16–17.
- ↑ „Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 24.
- ↑ „Кариерата поважна од бракот со Џони Деп“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 24.
- ↑ Blitz & Krasniewicz 2007, стр. 17.
- ↑ „Johnny Depp reveals the legendary thespian who encouraged him to pursue acting“. Marca (англиски). April 20, 2022. Архивирано од изворникот на May 17, 2022. Посетено на May 1, 2022.
- ↑ Lyttelton, Oliver (June 9, 2012). „The Essentials: The 5 Best Johnny Depp Performances“. IndieWire. Архивирано од изворникот на December 3, 2020. Посетено на December 12, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „The Brave (1997)“. Rotten Tomatoes. Архивирано од изворникот на October 7, 2020. Посетено на March 9, 2021.
- ↑ Free, Erin (May 27, 2016). „Movies You Might Not Have Seen: The Brave (1997)“. filmink.com.au. Архивирано од изворникот на February 7, 2019. Посетено на February 6, 2019.
- ↑ „The Sad, Strange Journey of Johnny Depp's 'The Brave'“. Los Angeles Times. May 19, 1997. Архивирано од изворникот на October 12, 2018. Посетено на February 6, 2019.
- ↑ 21,0 21,1 Arnold, Gary (October 2, 1994). „Depp sees promise in cult filmmaker Ed Wood's story“. The Washington Times.