Прејди на содржината

Голџиев апарат

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Голџиев систем)
Функција на Голџиевиот систем и поврзаност со другите органели:
1. Клеточно јадро
2. Комплекс на јадрени пори
3. Грануларен ЕПР
4. Мазен ЕПР
5. Рибозоми
6. Белковини
7. Транспортна везикула
8. Голџиев систем
9. cis страна на Голџиевиот систем
10. trans страна на Голџиевиот систем
11. Цистерни на Голџиевиот систем.

Голџиев апарат е органела која е именувана по италијанскиот научник Камилио Голџи. Голџиевиот систем е изграден од голем број нееднакво дебели и делумно свиткани мембрански структури, сродни на ендоплазматичниот ретикулум, наречени диктиозоми, кои најчесто се наоѓаат околу јадрото.[1]

Производите од синтетската активност на клетката (белковини, јаглехидрати и липиди) преку ендоплазматичниот ретикулум се внесуваат во каналите на сакулите од Голџи системот. По соодветната обработка тие материи се натрупуваат или се одделуваат како крајни производи во облик на секреторни везикули или вакуоли со различна големина. Кај жлездените клетки, секреторните везикули се движат кон површината на клетката, при што мембраната им се слева со клеточната мембрана и на тој начин содржината преку егзоцитоза се одделува во надворешната средина.

  1. Pavelk M, Mironov AA (2008). „Golgi apparatus inheritance“. The Golgi Apparatus: State of the art 110 years after Camillo Golgi's discovery. Berlin: Springer. стр. 580. doi:10.1007/978-3-211-76310-0_34. ISBN 978-3-211-76310-0.